ЕУ ќе и‘ помогне на Бугарија
22 јуни 2014Еврокомесарката за заштита од катастрофи Кристалина Георгиева ги охрабрува своите сонародници и најавува пари за обнова на инфраструктурата. Би можело да им се помогне и на луѓето кои ги загубија своите куќи во поплавата, рече Георгиева.
Поплавите во источниот дел на Бугарија оштетија стотици куќи и голем број улици и мостови. На најсиромашната членка на ЕУ, според проценки на експертите, и‘ се неопходни околу 15 милиони лева (околу 7,5 милиони евра) за обновување на инфраструктурата.
Македонија: Источно-планскиот регион подготвен да им помогне на поплавените
Градоначалниците од Источно-планскиот регион се подготвени да испратат екипи за санирање на штетите во поплавените подрачја во Бугарија.
„Кога е најтешко, треба да се помогне секому. Пред некој месец им помогнавме и на поплавените во Србија, а сега нашите соседи од Бугарија имаат огромни проблеми. Како регион, сите заеднички ќе се организираме. Стоиме на располагање со сите ресурси што ги имаме, не само од финансиски аспект, туку и сите наши противпожарни единици се на рсполагањe“, изјави претседателот на Советот на градоначалници на Источно-планскиот регион Тони Тоневски.
Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев најави дека денеска ќе почнат со организирање хуманитарна акција.