Европскиот суд ги осуди Грција и Бугарија
21 октомври 2005Во трите пресуди соопштени вчера, од кои првата е во полза на политичката партија “Виножито“ на македонското малцинство во Грција, и двете други во полза на македонското малцинство во Бугарија, поточно на нивните политички организации “ОМО Илинден“ и “ОМО Илинден-Пирин“, судот од Стразбур констатира кршење на членот 11 на европската конвенција. Во пресудата против Грција е констатирано и кршење на членот 6 кој гарантира право на правично судење.
Судот од Стразбур и наложува на Грција, на Виножито и на двата тужители Павле Воскопулос и Петрос Василиадис да им плати по 2000 евра за претрпена материјална штета, 30 000 евра за морална штета, исто како и 3245 евра за надополнување на судските трошоци.
Бугарија, исто така е обврзана да им исплати на тужителите од “ОМО Илинден“ 6000 евра за претрпена морална штета и 800 евра за трошоци, а на “ОМО Илинден Пирин“ 3000 евра за морална штета и 3000 евра за трошоци.