Европа сепак може да менаџира кризи
13 февруари 2015Испцрпени, скептични, но сепак и малку задоволни-учесниците на преговарачкиот маратон во Минск на самитот во Брисел можеа да се порадуваат на признанието добиено од нивните европски колеги. Кај германската канцеларка Ангела Меркел се гледаа подочниците, таа покажа неверојатна истрајност, истовремено останувајќи со воздржана оценка на постигнатиот договор во украинаската криза: таа и нејзиниот „соборник“, францускиот претседател Франсоа Оланд, зборуваат само за постоење надеж за мир. Меркел и Оланд во дадените околности не можеа да постигнат повеќе. Но, тие покажаа дека ЕУ може да настапи ккао кризен менаџер и надворешно0политички актер.
Франција и Германија повторно тандем
Тоа во случајот функционираше зашто беа вклучени само две големи земји-членки, меѓу кои постојат персонални разлики, но се здружени преку историјата на германско-француската соработка. Меркел и Оланд се доволно зрели за да ги надминат ситните спорови околу националните дефицити, конјуктурните мерки и слично, затоа што беше поважно заеднилки да се влијае врз рускиот претседател Владимир Путин. Искуството дека во Европа доаѓа до резултати кога Франција и Германија работат сплотено, уште еднаш се потврди во украинската криза. Посебно тогаш вистински позитивен резултат не е во моќта на преговарачите на пониско ниво. Во секој случај, европската акција, речиси неисцрпното дипломатско трпение и покажувањето настојчивост, засега се поуспешни отколку американските закани со лиферување оружје и воинствената реторика.
Заедништвото како клуч во политиката кон Украина
Украинскиот претседател Петро Порошенко исто така ја пофали единственоста во ЕУ, без оглед на стравот од продолжување на борбите. Притоа, таа вистински и не постои. Украинската политика на ЕУ е минско поле, а земји како Австрија и Унгарија постојано се штрекнуваат кога станува збор за проширување на санкциите кон Русија. Франција претрпе штети од половина милијарда евра поради неиспораката на еден воен брод поради воведените санкции против Русија. И германската економија бележи загуби во зделките со Русија. А полските земјоделци од ЕУ добија отштета за контигентот јаболка кој Русија го откажа. Од овие и други причини во ЕУ минатите месеци имаше стегање заби, но сепак надвладеа присебноста.
Во други случаи тоа не функционираше. Европејците очајно потфрлија во Сирија, исто како и САД. Таму едните чекаа на одлуката на другите, за на крај никој да не покрене ништо. Подемот на „Исламска држава“ и заканата од терористичките борци од нападите во Париз наваму на европските шефови на влади брутално им воочија - во меѓувреме одбранбена борба против на насилство подготвените исламисти е можна само со заеднички сили. Резултат на промашената надворешна политика е и тоа што сега ЕУ договори зачувување податоци за авионски летови, поголема соработка на тајните служби, исклучување на подбуцнувањето омраза преку интернет и слично. Тоа е реакција во итен случај, во кој постои и сопствена вина.
Велика Британија во европско-политички аут
Патем, штета е што Велика Британија, преку повлекувачките движења на нејзиниот премиер Дејвид Камерон, остана целосно на маргините на европската политика. Лондон целосно се прости од надворешната политика, иако Британците, покрај Французите, имаат најголемо искуство например на Блискиот и Средниот Исток. Но, антиевропеизмот, негуван од конзервативците, водеше кон тоа Велика Британија политиката во Брисел генерално да ја следи само од аут-линијата. Ако се исклучат незначителните забелешки во однос на еврото и Грција, со кои Лондон повторно се јавува одвреме-навреме. Патем, на оваа тема литванската енергична претседателка Далиа Грубаускаите на самитот во Брисел истакна: „Грција сега не е навистина нашиот најголем проблем“. Но, дали тоа го знаат и во Атина? Привременото затишје може да трае само до следниот состанок на министрите за финансии в понеделник. Тогаш една мала земја повторно може да ги става своите желби над заедничките интереси.