Американскиот претседател, иако можеби и не знае за тоа, има свој истоименик во Авганистан. Дали пак името ќе му донесе среќа на дететото Доналд Трамп, прашање е.
Импресиониран од американскиот претседател, учителот Поја од Авганистан на својот син му го дал името Доналд Трамп. И покрај заканите од екстремисти, нема намера да го смени. Се надева дека неговото дете ќе ги следи стапките на својот имењак и ќе биде успешно кога ќе порасне. Па, среќно, Доналд Трамп!