Додека Русија поставува услови за хуманитарните коридори преку кои цивилите ќе се спасат од нејзините бомби, едно 11-годишно момче морало само да тргне на долгиот пат кон Словачка. Ова е неговата приказна
Ова 11-годишно момче само помина пат од над 1.000 километри за да избега од руските бомби кои паѓаа во близина на неговото родно Запорожје во Украина. Неговата мајка морала да го испрати сам на долгиот пат до Словачка затоа што таа морала да остане во родното место и да се грижи за останатите деца и својата неподвижна мајка.