Дали МИДС ќе биде само на Интернет?
23 јануари 2005Експертите за одбрана се за него, но во владините фракции во Германија расте одбивањето. МИДС е прескап и воено под прашалник.
Експертот за одбрана на СПД Ролф Мицених смета дека МИДС не е соодветен за заканите што можат да ја погодат Германија:
“Верувам дека тој не реагира на заканите што би не погодиле нас, не само во Германија или Европа, односно во странство“.
Политичарот на зелените Кристијан Штребеле дека зад развојот на МИДС се кријат други причини:
“Имам впечаток дека не станува збор за воени причини кога станува збор за развојот на овој систем, ткуку дека зад тоа се кријат сојзунички и атлантско - политички причини“.
Овој систем треба заеднички да го развијат фирми од САД, Италија и Германија. Сојузната влада подвлекува дека тоа е единствениот трансатлантски воен проект. Оттаму во сојузното министерство за одбрана се цврсто за овој проект. Министерот Петер Штрук смета дека МИДС...
“...е неодложен за угледот на Германија во НАТО, секако и во односите со големите партнери од САД или со европскиот партнер Италија".
Меѓутоа, многу време за дебата нема. Во февруари Бундесатгот мора да реши дали ќе го спроведе МИДС или ќе остане само како симулација на Интернет.