Дали косовското прашање ги оптоварува односите Берлин- Вешингтон ?
9 август 2007Тој објаснува дека таквиот впечаток во Вашингтон се создава пред се поради политиката која кон Русија ја водат германските Социјалдемократи од чии редови е и шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер .
Весникот го цитира и претставникот за надворешна политика во пратеничката група на коалициските партнери Христијанските демократи , Екард фон Кладен според кого Вашингтон има голема доверба во германската канцеларка Ангела Меркел која доаѓа од редовите на неговата партија . Сепак Кладен признава дека има определено несогласување со ставовите кон Русија кое ги има министерството за надворешни работи.
Од другастрана германскиот експерт за Балканот Франц Лотар Алтман , смета и дека во Берлин има благо незадоволство од начинот на кој Вашингтон настапува кон проблемот:
“ Како прво не мислам дека односите меѓу Вашингтон и Берлин се оптоварени поради прашањето за статусот на Косово. Но сигурно псотојат различни погледи. Во Берлин се забележува блага иритација поради разликите во изјавите дадени од американски претставници во изминатиов период , започнувајќио со онаа на американскиот претседател Буш дадена во Тирана. Тоа е нешто што ги наведува во Берлин да размислуваат дека можеби во Вашингтон немаат јасна линија . Но тоа не е оптоварување за германско-американските односи. Мислам дека всушност сега работите се дојдени до точка кога во Берлин радо би се обиделе пред се да ја придобијат Русија за да се изнајде начин да се излезе од ќорсокакот” – вели професорот Франц Лотар Алтман .