Грчки анархисти добија по 37 години затвор
19 јули 2011Хараламбос Хаџимелакис и Панајотис Аргирос, двајцата 23 годишни членови на радикална анархистичка група се прогласени за виновни за „формирање и членување во терористичка група“. Нивната групација презеде одговорност за бројни напади од 2008 година досега. Вкупно шест припадници на групата, вклучително и двајцата осудени, беа прогласени за виновни за екстремистички акти. Едно лице доби 20 годишна затворска казна, а уште тројца, меѓу нив и една 20-годишна девојка, беа осудени на по 11,5 години затвор.
Групата стана позната во ноември минатата година кога испрати писма-бомби до голем број странски амбасади во Атина, како и до четворица европски лидери- францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европска Комисија, Жозе Мануел Барозо. Една од бомбите повреди поштенски работник во Атина, додека останатите беа навреме откриени од полицијата.
Грчката полиција не ја исклучува можноста дека домашната група била дел од поширока меѓународна анархистичка мрежа, поврзана со групи во Италија и Шпанија.
Автор: БГ/афп
Редактор: Александра Трајковска