Грција плаќала над дваесет илјади мртви пензионери
27 ноември 2011Се работи за починати пензионери, чија смрт нивните блиски не ја пријавиле на властите, па државата со години продолжила да ја плаќа пензијата. Ова е неконечниот резултат на т.н. попис на пензионерите кој беше спроведен во Грција минатите месеци во рамките на мерките за штедење поради должничката криза.
Најголемото грчко пензиско осигурување ИКА соопшти во петокот дека околу 21 илјада пензионери не се јавиле на пребројувањето. Тоа покажува дека најверојатно токму толку „фантомски“ пензионери не се веќе меѓу живите, изјави претставник на ИКА за грчкото радио.
По завршувањето на постапката грчкото пензиско осигурување ќе поведе законска постапка за казнување на роднините кои не ја пријавиле смртта и понатаму ја касирале пензијата.
Загубите на пензиската каса можат да достигнат троцифрени милионски суми според проценките. Конечните резултати ќе бидат познати во јануари.
Автор: ЖА/СН/дпа
Редактор: Симе Недевски