Грците меѓу надежта и мизеријата
11 јули 2015Дури и на плажата Каваори, „кадата на Атина“, на многумина граѓани на престoлнината им е тешко да се опуштат.
„Не се само парите во прашање, туку достоинството. Двете работи се поврзани. Станува збор за нашиот финансиски статус, за почитување на нашиот начин на живот. Можам да живеам без еврото, но не и без почит,“ револтирано вели еден граѓанин на плажа.
Самиот факт што не можат да дојдат до своите пари, за многумина е понижување. Во банкоматите снемува апоени од 20 евра, заедно со довербата на многумина Грци.
„Не сакам да пцујам пред камера. Ја сакам својата земја. Но, за жал, нашите влади ја уништија земјата. Сироти млади луѓе. Без работа се еден и пол милион. Мnозинството од нив живеат од платата на родителите. Што ќе биде сега од нив?“ прашува еден пензионер.
Мизеријата трае од пред пет години. Тогаш беше договорен првиот спасувачки пакет кон Атина потекоа 73 милијарди евра oд европартнерите и ММФ. Две години подоцна вториот пакет помош тежок милијарди. И еден отпис на долговите.
Од годинава грчките банки добиваат итни кредити од Европската централна банка. Грција за пет години прими 412 милијарди евра.
Тоа е значително повеќе од она што го примија заедно сите други кризни европски држави. Но, досега ништо не се подобри.