Германски новинари уапсени во Грција
10 март 2018Според Северногерманската радио-телевизија, НДР, која е дел од јавниот сервис АРД, двајцата германски новинари кои биле уапсени во Грција, од невнимание влегле во забранета воена зона. Двајцата репортери, кои работеле за НДР, биле во истражување на ситуацијата на бегалците во граничната област помеѓу Грција и Турција, соопшти претставник на НДР денеска. 31-годишниот новинар и неговата 33-годишна колешка биле уапсени кај реката Еврос близу градот Дидимотихо и потоа биле изведени пред јавен обвинител. Германската амбасада во Атина и локалните власти велат дека често се случуваат вакви инциденти, поради тоа што забранетата зона не е добро оградена и е недоволно обележена, па дури и тамошните жители знаат да залутаат.
Регионот е дел од позната бегалска рута, преку која бројни мигранти се обидуваат од Турција да се префрлат во Грција за да продолжат кон централна и западна Европа.