Втора светска војна-крајна фаза
5 април 2005�ките фронтови и во татковината.
Војната со бомби кај германските градови беше се понеподнослива,војниците на западниот фронт се бореа за загубени позиции,на исток и натаму огорчено се војуваше.Воено,Хитлер одамна беше победен.Но,т.н. водач и натаму раскажуваше за крајна битка и крајна победа.
Есента 1944 година:Хитлер го испрати својот последен повик на војска,мобилизација на старите луѓе и недораснатите на фронт.Раководителот на областа Источна Прусија,Ерих Кох,на 18 октпмври го објавил хитлеровиот повик:
„Наредувам,во сите области на големиот германски рајх треба да се формира Организација за поддршка на отпорот од сите мажи способни да носат оружје на возраст од 16 до 60 години.
Треба да се брани тлото на татковината со сите средства и оружја.“
А тоа беа половина милион луѓе,делумно деца,делумно старци,слаби и неспособни,недоволно вооружени и најголем дел во цивилна облека.Топовско месо.Тие не го сопреа продорот на сојузниците.Во септември 1944 година сојузничките војски стигнаа до германските граници,во октомври Црвената армија стапи на германско тло.Кога Советите ја започнаа големата офанзива во јануари 1945 година,им требаа само три недели за да ја освојат окупираната Полска и голем дел од источна Германија.Хитлер немаше со што да се спротистави,освен со цинички пароли.Така на пример во неговиот последен јавно објавен говор на крајот на јануари 1945 година:
„Од жителите на градовите очекувам да го исковаат оружјето за оваа битка,од селаните очекувам колку што е можно на сметка на свои откажувања да обезбедат леб за војниците и работниците во оваа борба.Од сите жени и девојчиња очекувам да не поддржуваат како и досега со истиот фанатизам.Со особена доверба се свртувам кон младината.“
Всушност,многу млади ги следеа повиците на Хитлер и го ризикуваа животот за веќе одамна изгубена работа.Притоа западните сојузници на почетокот на мај ја преминаа Рајна и продреа во срцето на Германија:
„Американските трупи стојат кај Ерпел наспроти Ремаген на десниот брег на Рајна.Преминот успеа вчера попладнето,“јави радиото.
Британците и Канаѓаните ја зазедоа речиси цела Северна Германија.а Американците и Французите јужниот дел.
Но,режимот сеуште инсистираше на истрајноста на војниците и цивилите.Хитлеровиот приватен секретар Мартин Борман на почетокот на април 1945 година:
„Сега важи само едн апарола:победа или пораз.Да живее Германија,да живее Адолф Хитлер.“
Хитлер пак за себе реши:ако тој пропадне,тогаш со него ќе одат и цела Германија и сите Германци,стари и млади.Од еден неделен преглед од почетокот на април:
„Водачот во својот главен штаб го прими раководителот на младината Аксман со 20 хитлерови младинци,кои особено с еистакнале во одбраната на својата татковина ,поради што ги награди со железни крстови. “
Гласот кој следи,на еден од хитлеровите младинци,се чини сепак е детски:
„Кога Русите се приближија кон Лаубан,доброволно се пријавив кај командантот како курир.“
Додека еден регрут на почетокот на војната имаше можност, статистички, да преживее четири години,пролетта 1945 година шансите беа само четири недели.Крајната битка,како што се нарекуваше во Националсоцијалистичката пропаганда,само меѓу декември 1944 и мај 1945 година чинеше еденипол милион германски војници,да не се сметаат загубите на сојузниците.А секој натамошен ден на војната носеше уште насилство,уништување и смрт.