Втора светска војна – жртви од Национал-Социјализмот
21 март 2005рот на Концентрациониот логор Дахау кај Минхен. Со почетокот на војната и систематски воденото убивање на Евреите, растеше и бројот: до март 1944 имаше 28 логори со 164 надворешни места.
Чивт стотини жени и мажи на 15 април 1945 година, на денот на нивното ослободување од страна на Британците, ја одржаа првата еврејска богослужба во концентрациониот логор Берген – Белзен...
О-Тон богослужба
Меѓу првите жртви на теророт беа Евреи, комунисти и социјалдемократи. Кругот прогонети се ширеше: Синти и Роми, сведоци на Јехова, евангелистички и католички свештеници, хомосексуалци, воени затвореници. Во јануари 1945 година во логорите беа регистрирани преку 710 илјади. Еден од преживеаните открива како се одвивал таканаречениот казнен збор во конц-логорот Бухенвалд:
„Еден есесовец, таканаречен шеф на блок, одржуваше збор во одделни блокови и ги мачеше затворениците со тупаници, газење по стомак или по рбетот: ќе ги турнеше во калта и ги тепаше додека не му се испокине сета облека. До каде што стигнуваше погледот лежеа жртви на есес-бандитите„.
Најголемиот и најстрашен концентрационен и логор за уништување беше Аушвиц. Таму убиствениот систем достигна совршенство. Кон средината на април 1945 година, нецели три месеци по ослободувањето на Аушвиц, преживеаната Аните Ласкер за ББС ги опиша стравотиите во логорот:
„При доаѓањето на транспортите, на рампата стоеја еден лекар и еден командант и пред наши очи сортираа, што значи: прашуваа за возраста и за здравстевната сосотојба. Несвесните новајлии пронаоѓаа какви и да се болештии со што си потпишуваа смртна казна. Посебно тоа се однесува на децата и старците: лево-десно, лево-десно. Десно живот, лево крематориум„.
Од пролетта 1942 година беше орагнизирано безобѕирно користење на затворениците во Конц-логорите. Во производните погони на познати германски фирми, затворениците работеа до смрт. Кој не умираше од ослабување или болест, работеше уште повеќе додека го држи силата. Шарлоте Грунов го преживеа Аушвиц и за ББС рече:
„Секоја недела се одвиваа таканаречени сортирања. Тоа беше збор што траеше се часови и луѓето мораа да стојат пред страшните блокови. Тогаш доаѓаше еден лекар, Менгеле, и со потег на раката оставаше во живот или, ако некој не му се допаѓаше, смрт. Тој ги броеше: број еден, број 3, број пет. Тие мораа да излезат од редот и ги носеа во блокот 25: блокот на смртта„.
Во Аушвиц- Биркенау се употребуваше и циклон Б, порано средство за дезинфекција против стаорци или за бродски простории. Тој во воздухот создаваше пареа што убива за неколку минути. Луѓето ги гореа во огромните крематориуми – мртви, но и се уште живи. За тао зборува Анита Ласкер:
„Во огинот беа фрлани здрави и живи луѓе. Мојата барака беше околу 25 метри од крематориумот, еден од петте. Се видов со сопствени очи„.
Бидејќи се приближуваше Црвената армија, шефот на ЕСЕС, Химлер, во средината на јануари 1945 година нареди сите затвореници од логорите од исток да бидат префрлени на запад.
На радиото на 13 јануари можеше да се слушне:
„Овде на целиот источен фронт меѓу Балтикот и Карпатите, Советите започнаа досега најголема офанзива. Фронтот гори на широчина од илјада километри„.
На 27 јануари 1945 година војниците на Црвната армија ослободија околу 7 ипол илјади болни и истоштетни затвореници во Аушвиц. Меѓутоа, најголемиот број, есесовците пешки го одвлекоа на Запад.
Маршот на смртта, го нарекоа: кој беше преслаб да маршира едноставно беше стрелан. Целта беше логорот Берген – Белзен кај Хановер.
Кога Британците на 15 април 1945 година го ослободија логорот, видоа ужасна слика. Еден репортер на ББЦ јави:
„Најдовме тела на 35 илјади мртви кои лежеа по целиот логор, и околу 30 илјади живи, одвај живи. Она што го видов постојано ќе ме следи: живи кои беа толку слаби што лежеа врз мртвите како да им се перници„.
Од седумте милиони колку што затворија националсоцијалистите во логорите, преживеаја одвај половина милион. Се проценува дека меѓу убиените 6 милиони се Евреи.