Во Берлин отворен првиот чоколаден ресторан во светот
16 јуни 2006“Чоколадото го прави човека среќен. Тоа го докажа науката и јас денот го почнувам со 6,7 грама чоколадо што е доволно за среќен старт... ” - по овој рецепт живее Јирген Рауш сопственик на првиот чоколаден ресторан во светот кој е отворен во Берлин.
Лоциран на најубавиот плоштад на Берлин - Жандармен Марк, првиот чоколаден ресторан во светот по многу нешта е уникатен. Во приземјето е кафуле и продавницата за чоколади на најстариот берлиснки производител “Фасбендер и Рауш”, а во ресторанот на првиот кат, води црвен тепих и лифт-панорама. Со 9 килограми чоколадо годишно по жител, Германија е меѓу големите потрошувачи, но ресторанот посебно е наменет за таканаречените чоко-холичари кои не можат да го замислат животот без чоколадо, за љубопитните, туристите и пред се за оние кои имаат длабок џеб. Амбиентот е вистински чоколаден: се е од и во тон на растението од кое се произведува слатката плочка -од мебелот, преку украсните какао гранки и плодови, до мирисите кои пристигнуваат до гостите директно од чоколадната кујна. Во овој чоколаден ресторан кој денеска е отворен ќе има три фази на услуги.Најпрво тука ќе се нудат само торти со и без чоколадо, со разни овошја, по што следува втората фаза - дневен ресторан со работно време од 10 до 20 часот кога ќе се нудат мали обраоци, салати и други работи кои човек не може да си претстави дека може да се направат од чоколад
Силвера Падори