Во Берлин избрани најдобрите диригенти
18 октомври 2006�ија за диригентите во целиот свет. Добитникот на наградата беше избран , по еден концерт на кој тројца финалисти диригираа по едно музичко дело.
„Жирито беше воодушевено од високото ниво . Добитникот на наградата Микел Китсон воодушеви со креативната сила и неговиот музички концепт“
Во неделата навечер во берлиснката филхармонија , сер Роџер Норингтон , главен диригент на радио-симфонискиот оркестар од Штугарт и претседател на жирито , го објави победникот:
Естонскиот диригент Микел Китсон кој претходно пред публиката и жирито претстави една возбудлива интерпретација на втората суита од делото „Дафне и Клое“ на Морис Равел:
„Ми се допадна како командува со оркестарот , ми се допадна колку природни беа неговите движења, можеби понекогаш беа малку екстравагантни , но движењата му се секогаш јасни и изгледаат убаво“,оцени претседателот на жирито британецот сер Норингтон во разговорот по натпреварувачкиот концерт. Носителот на наградата Микел Китсон е редон во 1971 година во Талин , главниот град на Естонија . Тој најнапред студирал хорско диригентство во неговата татковина а потоа школувањето го продолжил кај професорот Клауспетер Зајбел во високата школа за музика и театар во Хамбург .
- Китсон има повеќегодишно искуство како генерален директор на театарот во естонскиот град Тарти . Во последните години тој беше прв диригент во државниот театар на Долна Саксонија во Хановер а на есен наредната година заминува во Фленсбург каде што ќе биде генерален музички директор во државниот театар на покраината Шлезвиг Холштајн .
„Тоа ме прави многу горд , тоа е единствено , дека во Германија има толку многу оркестри , толку многу театри , и претстави , целосен уметнички живот, кој е шаранолик и жив , дека се чуствуваш како да си во центарот на Европа . Тоа е љубопитност со која човек набљудува и помалку соучествува “
Одлуката не падна лесно . Сите тројца кандидати на финалниот концерт имаа впечатливи настапи- истакна Роџер Норингтон , претседателот на жирито . Во текот на една недела секој од младите диригенти обработуваше по едно симфониско дело со германскиот симфониски оркестар во Берлин и со него и се претстави на публиката . Преку повеќегодишна изборна фаза спроведена од диригентскиот форум на германскиот музички совет се квалификуваа тројца финалисти, 32 годишниот Хендрик Верстман , 35 годишниот Микел Китсон и 36 годишниот Еван Кристи. Во текот на овој период тие посетуваа курсеви кај прочуени диригенти и беа посебно следени од членовите на советот .
Тоа што сите троца кандидати работат во Германија , меѓутоа не се родум Германци , членот на жирито и директор на германскиот симпфониски оркестар , Андреас Рихтер, не сака да го оцени како негативен показател за нивото германското музичко образование:
Не сум сигурен , дека тоа нешто укажува. Критерумите не беа , тие да бидат германци туку да работат во Германија , а сите тројца имаат работно место во германските гратски театри, за кои може да се испе пофална ода . Тоа се места , каде што диригентите стекнуваат најмногу пракса . Добро е ако тоа се спојува со подршката од музичкиот совет . Сметам дека е убаво што во новото поколение на германски диригенти , удел има целиот свет.
Носителот на наградата Китсон , објаснува зошто заради неговата професионална работа се преселел во германија:
„Естонија е мала земја , Германија е голем извор , од кој може да се добие многу инспирација“
За финалната рунда не се квалификуваа жени . Мартин Марија Кригер , претседател на Германскиот музички совет , и покрај тоа се надева дека на наредниот концерт на наградените , што треба да се случи по две години , ќе учествува и жена. Време е – смета Кригер.
Диригентот и претседател на жирито Роџер Норингтон , напротив, не го интересира ни националноста ни полот на кандидатот . Тој смета дека :
„Големиот проблем со диригентите не во тоа да се најдат луѓе кои елегантно ќе мафтаат наоколу со рацете . Голем проблем е да се најдат луѓе кои имаат нешто да кажат“
Тројцата млади диригенти финалисти на концертот во неделата докажаа дека имаат уште многу што да и кажат на својата публика.