Вашингтон во телефонски консултации со Берлин, Москва и Париз
11 декември 2003Реклама
Германскиот канцелар Шредер синоќа имал и телефонски разговор со американскиот претседател Буш по најновата одлука на Пентагон тендерите за обновата на Ирак да им се дадат само на земјите кои ги поддржуваа во воената камапања. Според владиниот портпарол од Берлин, Бела Анда, ваквата одлука не е прифатлива за сојузната влада. Буш на истата тема разговарал и со претседателите на Франција и Русија, Ширак и Путин, и при тоа нагласил дека и покрај донесената одлука "линиите на комуникација остануваат отворени". САД најави и испраќање на поранешниот државен секретар Џејмс Бејкер во трите земји на консултации околу Ирак. Неименуван владин извор во Вашингтон тврди дека САД нема да ја промени одлуката и покрај критиките со кои се соочува. Инаку се проценува дека обновата на Ирак ќе чини 18 милијарди долари.