Варуфакис се надева на успех кај Шојбле
5 февруари 2015Нагласено опуштен, со ранец наместо актовка. Јанис Варуфакис лета со економска, наместо со бизнис класа. Грчкиот министер за финансии на пат кон Берлин.
„Секогаш вака се облекувам. Политичар станав пред три недели. Треба ли затоа сега да го сменам начинот на кој се облекувам? Не!“, вели Јанис Варуфакис, министер за финансии на Грција.
И пред состанокот со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, Варуфакис има јасни идеи:
„Доаѓам со одлучност да ја кажам вистината. Потребен ни е нов почеток во односите, за да ја добиеме довербата на германскиот народ, на германската канцеларка, на министерот за финансии“.
Погледнете го видеото на оваа тема
Доверба и пред сѐ време, му се многу потребни на Варуфакис. Затоа што новата грчка влада има само уште четири недели да преговара за одложување на реформските планови. Доколку биде повлечена финансиската помош, Грција и нејзините банки набрзо ќе банкротираат.
Варуфакис сака промена, пат за нова должничка политика која ќе ја прифатат економијата и народот во Грција. „Доколку понижувате една горда нација предолго, и ја ставате на милост и немилост на должничка дефлациона криза без светло на крајот на тунелот, од тоа може да се изроди нешто опасно“.
Варуфакис се обиде да издејствува повеќе време кај Европската централна банка. До претстојното лето, новата грчка влада сака да претстави финансиски концепт.
Но, без поголем успех: уште ноќта ЕЦБ најави дека повеќе нема да ги прифаќа грчките државни обврзници како гаранција за банкарски кредити. На тој начин пресуши еден од изворите на пари за грчките банки.