Бугарите избираат меѓу Плевнелиев и Калфин
30 октомври 2011Во вториот круг од трката за функцијата претседател на Бугарија конкурираат Росен Плевнелиев од владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Ивајло Калфин од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП).
Во првиот круг од изборите одржан на 23 октомври, како што соопшти во четвртокот Централната изборна комисија, актуелниот министер за регионален развој Плевнелиев освоил 1.349.380 гласа или 40,11 проценти, а поранешниот шеф на бугарската дипломатија Калфин 974.300 галса или 28,96 отсто.
Плевнелиев пред сигурна победа?
Аналитичарите проценуваат дека Плевнелиев речиси сигурно ќе извојува победа на денешното гласање, имајќи ја предвид големата предност од првиот круг.
Паралено со претседателските, во Бугрија денеска се одржува и вториот круг од локалните озбори на кои треба да бидат избрани градоначалници на 172 општини. И овде главната битка се води меѓу кандидатите на ГЕРБ и БСП.
Сенка на целиот изборен процес фрлаат највите од неколку партии за барања за поништување на изборите во некои општини поради нерегуларности.
Автор: СН/ АТ/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска